Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаМакедонска берза: Голем одзив и одлични резултати на годинашниов „Инвеститорски ден“Шеста година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар....Шеста година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра. На денешниот „Инвеститорски ден“ на Берзата се склучија вкупно 396 нормални трансакции што претставува инвеститорски ден со најголем број склучени трансакции од воведување на оваа иницијатива. Воедно, на овој ден се склучија и најголем број на трансакции на дневно ниво во 2025 година. Дополнително, денес во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 547 налози за тргување, што претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година. Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денес надмина 917 илјади евра, односно изнесува околу 56 милиони денари. Иницијативата „Инвеститорскиот ден“ ја прифатија и во неа активно се вклучија сите единаесет членки на Берзата (Еурохаус, Илирика Инвестментс, Иново Брокер, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер, Шпаркасе Банка Скопје и Халк Банка Скопје) и Централниот депозитар за хартии од вредност, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНСКИ АКЦИИ!Тагови: Берза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина БрвеницаНоќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи. -За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачиТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Range Rover“ за кинеските теренски возила: „Копирањето е комплимент“„Range Rover“ не се плаши од кинеските конкуренти: Купувачите на луксузни автомобили плаќаат повеќе.„Jaguar Land Rover“ не е загрижен за кинеските теренски возила чиј дизајн наликува на „Range Rover“. Компанијата верува дека новите конкуренти од Кина, без оглед на квалитетот и привлечната цена, сè уште не можат да понудат исто наследство и признание на луксузниот британски бренд. Меѓу моделите што најчесто се споредуваат со „Range Rover“ се „Jaecoo J5“ и „J7“, кои беа наречени „Range Rover од Тему“ поради нивниот сличен дизајн, пишува „CarScoops“. Мартин Лимперт, глобален директор на брендот „Range Rover“, вели дека всушност ги гледа таквите споредби како комплимент. „Ако другите брендови го копираат нашиот дизајн, тоа е сигнал дека нашиот дизајн е инспирација во светот на луксузните автомобили“, рече Лимперт. Тој додава дека е важно „Range Rover“ да остане оригинален и да продолжи да го развива својот дизајн. Купувачите на луксузни автомобили плаќаат повеќе Лимперт верува дека купувачите го избираат „Range Rover“ затоа што го сакаат „најдоброто од најдоброто“ и се подготвени да платат повеќе за него. Брендот се потпира на повеќе од пет децении развој, британско потекло, искуство во дизајнот и инженерството. Токму наследството и репутацијата претставуваат голема предност во однос на производителите кои штотуку влегоа на пазарот на луксузни автомобили. Кинеските производители, сепак, се сè поуспешни во привлекувањето клиенти во попристапни сегменти, првенствено благодарение на односот цена-опрема. Во луксузната класа, ситуацијата е поинаква бидејќи клиентите честопати се многу полојални на брендовите на кои веќе им веруваат. Затоа, „Range Rover“ планира дополнително да ги диференцира своите модели од конкуренцијата. Еден пример ќе биде новиот „GT“, петтиот модел во гамата на брендот, кој ќе има значително поинаква, ниска каросерија. Иако кинеските производители сè повеќе напредуваат, „Range Rover“ верува дека неговото наследство и имиџ ќе продолжат да бидат важни аргументи при купување луксузен „SUV“. Извор: Б92Тагови: Range Rover Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветГолема акција во Турција: 350 кг кокаин пристигнале со брод од БразилТурската полиција заплени 350 кг кокаин скриен на брод што пристигна во пристаништето Мерсин, прекинувајќи го синџирот на шверц со дрога од Јужна Америка, објавија денес медиумите во земјата.Министерот за правда Акин Гурлек по повод ова изјави дека турските власти ќе продолжат решително да се борат против злосторствата поврзани со дрога, од изворот до мрежата за дистрибуција, од финансиерите до нарко-босовите. „Нема да има толеранција за трговците со дрога и нема да има дупки во законот за нарко-босовите“, рече тој, според Хабертурк. Дрогата, вредна приближно 1,5 милијарди турски лири (околу 26,6 милиони евра), беше запленета, а девет осомничени идентификувани преку технички и физички надзор беа уапсени. Против осомничените е покрената судска постапка за кривично дело производство и трговија со наркотични или стимулативни супстанции. „Операцијата против трговците со дрога беше спроведена како резултат на работата на Одделот за наркотици на Полициската управа во Истанбул и Одделот за наркотици и разузнавање на Полициската управа во Мерсин“, се вели во соопштението на полицијата. По информациите дека на брод кој отпловил од Јужна Америка и пристигнал во пристаништето Мерсин има голема количина наркотици, беше утврдено дека товарен брод од Бразил се закотвил во пристаништето. За време на претресот на бродот, запленети се приближно 350 килограми кокаин во 12 големи пакети, заедно со опрема за нуркање и подводен скутер. Министерот Гурлек во објава на својот профил на социјалните мрежи изјави дека турските власти се борат против нарко-босовите и меѓународните криминални мрежи што ги воспоставиле. Потсетувајќи дека Ислам Јакут, водачот на меѓународна организација за трговија со дрога, кој беше во бегство од 2017 година, беше уапсен во Истанбул пред два дена, Гурлек објави дека денес нанеле удар врз мрежа за трговија со дрога во Мерсин, која планирала да транспортира кокаин испратен по море од Јужна Америка. Гурлек изјави дека, како дел од истрагата предводена од Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Мерсин, Полициската управа открила план за криење на дрогата во трупот на брод под површината на водата, нејзино извлекување со помош на нуркачи и нејзино транспортирање во западните провинции. Извор: Б92Тагови: дрога турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45