Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
КултураМакедониумот во Крушево ќе се заштитува од прокапување, а црквата на Трескавец од влагаЗаштитата на Македониумот во Крушево од прокапување, како и заштитата на црквата на Трескавец се капиталните проекти на кои ќе работи годинава Прилепскиот завод и музеј. Овие проекти се дел од инвестициите што на Музејот му се одобрени од Министерството за култура и туризам. До лето треба да се реши опасното прокапување на Македониумот во Крушево. Работите не можеле да почнат уште есеноска, како што беше најавено, зашто два тендера пропаднале. Министерството за култура и туризам одвои 5,5 милиони, а за основен проект за целата реконструкција и заштита на Македониумот уште 4,5 милиони денари. Споменикот на културата од прв степен, Македониумот во Крушево е прогласен за културно добро во опасност. -За Македониумот направивме и посебен проект со кој го прогласивме како културно добро во опасност. Со тоа, на посебна ставка се доделени средства за изведувањето на превентивната заштита на самиот споменик. Рокот за превентивната заштита од протекувањето во Споменикот се пролонгираше зашто никој не се јавуваше на тендерот што го распишавме. На третиот тендер веќе се јави фирма и веќе деновиве имаме вовед во работата на Споменикот. Се надевам дека во текот на летниот период ќе биде завршена превентивата. Во превентивата значи комплетно затворање на сите отвори во стаклата и витражите на Македониумот. Се изработува надворешна конструкција со која ќе бидат заштитени и ќе нема внатрешно навлегување. А, веќе почнавме и со изготвување на основниот проект за комплетна конзервација и реставрација на самиот Македониум, објасни Мимоза Христоска, директорка на Завод и музеј – Прилеп. Работатата на Трескавец годинава ќе значи конечно почеток на заштитата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која е исто така, културно добро во опасност. Ќе се работи на најбитните сегменти: конструктивна консолидација и заштитата на фреските и црквата од влагата која е најголемата закана за уништување на фрескосликарството. За ова на располагање на Музејот годинава му се 4 милиона денари. Се чека на конзерваторското одобрение од Управата за заштита на културното наследство. -Работата на заштитата на црквата на Трескавец е повеќегодишна. Сега, најбитно е да се направат конструктивната консолидација и заштитата од влагата. Во секој момент го чекаме конзерваторското одобрение од Управата. Имаше вклучено и византолози од Грција кои ќе бидат дел од последната фаза од овој повеќегодишен проект од заштитата - на конзервацијата на фрескосликарството, вели Христоска. Инаку, годинава Прилепскиот завод и музеј ќе работи на 16 проекти за заштита на културното наследство, а 15 проекти се од музејската дејност. Од министерството за култура и туризам се одобрени и инвестиции со 7 проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39