Македонија2025 повикува на единство, транспарентност и заштита на националните интереси - Канал 5

Македонија2025 повикува на единство, транспарентност и заштита на националните интереси

Македонија2025 повикува на единство, транспарентност и заштита на националните интереси во пристапувањето кон ЕУ.

Македонија2025 повикува на единство, транспарентност и заштита на националните интереси

Македонија е дел од Европа, ги споделува истите вредности, и придонесува за просперитетот на Европската Унија. Македонија2025 силно ги поддржува напорите на Македонија да стане полноправна членка на ЕУ. Сепак, од нашата земја уште еднаш се бара да направи невидени отстапки за да ги задоволи унилатералните барања на соседна земја, членка на ЕУ која го користи правилото на консензуалност во ЕУ за да ја поништи поддршката на другите земји членки на ЕУ и на Европската Комисија Македонија да ги започне преговорите за членство. Македонија2025 длабоко верува дека Владата и Собранието треба да го одбијат францускиот предлог поради неколку причини:

Граѓаните на Република Македонија, вклучително и некои пратеници во Собранието, немаат пристап до целосната содржина на предлогот. Недостигот на транспарентност, отсуството на соодветна и аргументирана дискусија, и јасниот недостаток на евалуација се мошне проблематични. Можеби најважно, силните отстапки кои водат до деградација на основните човекови права, вклучително и правото на јазик, историја и идентитет, упатуваат на фактот дека францускиот предлог е неприфатлив.

Предлогот, според нашето разбирање, не носи никакви вистински користи за Македонија. Прифаќањето на предлогот од страна на Бугарија не гарантира дека во иднина Бугарија нема да го блокира почетокот на преговорите или пак идното членство во ЕУ.

Евентуалното прифаќање на францускиот предлог од страна на Македонија ќе испрати силен сигнал до ЕУ и светот дека ние сме согласни со континуираното кршење на фундаменталното право на самопределба.

Неприфатливо е вметнување на билатерален спор за јазик и идентитет во пристапните преговори со ЕУ, особено затоа што овие прашања никогаш досега не биле формално споменати од Комисијата како приоритет кој треба да се реализира пред почеток на преговорите.

Идентитетските прашања не треба да бидат услов за пристапни преговори. Ја повикуваме меѓународната заедница да го почитува нашето право да постоиме како македонци. Да го почитува нашето право да го негуваме нашиот јазик и да ја празнуваме нашата историја. Културата никогаш не била проблематична за останатите земји кои преговарале за членство во ЕУ.

Повикуваме на единство на сите политички чинители за ова прашање, како и единство на целото македонско општество: академија, невладиниот сектор, бизнисите и граѓаните. Мораме да ги зачуваме нашата гордост и почитта кон нашите граѓани и земјата. Не треба да ги отфрлиме нашите основни принципи под притисок на Бугарија, Франција или Европската Комисија. Македонија континуирано ја артикулира својата желба и посветеност за членство во ЕУ. Сепак, прифаќање на францускиот предлог без да ја имаме на увид неговата содржина е неприфатливо. При изразување на овој став, Македонија2025 ги зема во предвид сите достапни информации и околности, и ги спореди можните негативни долгорочни импликации врз земјата, нашите граѓани и, младите луѓе наспроти ветените користи од прифаќањето на францускиот предлог.

Македонија2025 е меѓународна, независна, неполитичка ‘think & do’ организација основана во 2007 година од страна на македонски иселеници. Македонија2025 се залага за посилна нација и просперитетна економија со подобри можности за граѓаните и компаниите. Нашата визија е Македонија да стане просперитетна ЕУ членка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите

Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.

​Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите

Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата.

Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.

Немир, анксиозност и срцеви проблеми

Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење.

Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност.

Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе

Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите.

Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години.

Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата.

Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер