МакедонијаМакедонија2025 по четврти пат отвора повик за наставници во рамки на програмата „Науката и јас“Македонија2025, во соработка со компанијата Џонсон Мети, по четврти пат го отвора повикот за наставници во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.Македонија2025, во соработка со компанијата Џонсон Мети, по четврти пат го отвора повикот за наставници во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“, со цел унапредување на наставата по природни науки и поттикнување на интересот на учениците за науката, истражувањето и практичната работа. Повикот е наменет за предметни наставници од основните училишта во Македонија кои реализираат настава по природни науки, биологија, хемија и физика, а особено за наставници-приправници и наставници со до 10 години работно искуство во наставата. Во рамки на проектот ќе се организира еднодневна практична обука за 25-30 наставници, со фокус на методи кои можат директно да се применат во училницата, вклучително учење базирано на истражување, практични експерименти, проектно учење, поттикнување критичко размислување и активно вклучување на учениците во процесот на учење. Обуката ќе се реализира во соработка, и е сертифицирана од страна на Бирото за развој на образованието. Програмата не завршува со самата обука. Учесниците ќе добијат дидактички материјали, практични стратегии за работа, менторска поддршка и сертификат за професионален развој. Дополнително, дел од наставниците ќе имаат можност стекнатото знаење да го применат заедно со своите ученици преку подготовка на експерименти и научни проекти, учество на 1–2 регионални саеми по наука или преку организирање сопствени научни активности во рамки на училиштето. За дел или за сите учесници, во зависност од нивната ангажираност во активностите по обуката, предвидена е и можност за добивање сет за наука со материјали и опрема за практични експерименти. За ограничен број наставници и ученици е предвидена и можност за посета на фабриката на Џонсон Мети во близина на Скопје. Четврта година на „Науката и јас“ Ова е четвртото издание на проектот „Науката и јас“. Во досегашните изданија проектот вклучи 109 наставници, над 35 ментори и илјадници ученици од училишта низ Македонија. Преку досега реализираните 10 регионални саеми по наука, учениците имаа можност своите експерименти и проекти да ги претстават пред повеќе од 2.600 врсници, наставници и членови на пошироката заедница. Континуитетот на програмата овозможува обуката на наставниците да биде поврзана со конкретна примена на наученото во училницата, поддршка од ментори и директно вклучување на учениците во истражување, експериментирање и практична работа. Македонија2025 упатува искрена благодарност до Џонсон Мети за континуираната поддршка на програмата, како и до Бирото за развој на образованието, наставниците, менторите, училиштата и сите дополнителни корпоративни и институционални партнери кои во изминатите години се вклучија во реализацијата на активностите и придонесоа кон проширување на влијанието на проектот. Нивната поддршка овозможи „Науката и јас“ постепено да прерасне од обука за наставници во поширока програма која ги поврзува професионалниот развој на наставниците, практичната примена на наученото, менторската поддршка и активното учество на учениците во науката. Отворени сме за нови партнерства И во новото издание, Македонија2025 останува отворена за соработка со компании, институции и организации кои ја препознаваат важноста на квалитетното образование по природни науки и сакаат да придонесат кон создавање дополнителни можности за наставниците и учениците. Дополнителните партнерства можат да придонесат кон проширување на активностите, обезбедување материјали и опрема за практична настава, поддршка на научните саеми и училишните активности, како и создавање нови можности учениците да се запознаат со практичната примена на науката, технологијата и иновациите. Целта на програмата останува иста - да ги зајакне компетенциите на наставниците и да создаде повеќе можности учениците да ја доживеат науката преку истражување, практична работа, експериментирање и создавање. Аплицирање и важни датуми Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2026 година. Обуката е планирана за ноември 2026 година, додека практичната работа и активностите со учениците ќе се реализираат во текот на учебната 2026/2027 година. Научните саеми и презентациите на експериментите се предвидени за периодот март - мај 2027 година. Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање се достапни на: https://macedonia2025.com/en/news/otvoren-povik-za-predmetni-nastavnici-od-oblasta-na-prirodnite-nauki За дополнителни информации и прашања: [email protected] Науката започнува со љубопитност. Инспирацијата започнува со добар наставник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook