Македонија згрозена: 23 годишен скопјанец принудувал 5-годишно девојче на полови дејствија - Канал 5

Македонија згрозена: 23 годишен скопјанец принудувал 5-годишно девојче на полови дејствија

Ужас во скопско Волково. 23 годишен маж е обвинет за полови дејствија врз петгодишно дете. 

Македонија згрозена: 23 годишен скопјанец принудувал 5-годишно девојче на полови дејствија

Според ОЈО обезбедени се докази дека обвинетиот во период од мај до јули годинава во својот дом го принудувал девојчето на полови дејствија, заканувајки му се дека за тоа не смее да му кажува за нејзиниот татко. За 23 годишникот, кој според неофицијалните информации бил чичко на девојчето, е поднесен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Податоците на МВР покажуваат дека ова е само еден од бројните случаи на сексуално насилство и вознемирување врз деца во земјава. Меѓу 2020 и 2024 година биле пријавени 508 случаи, од кои 186 се однесуваат на силувани деца под 15 години. Европските податоци дополнително алармираат – секое петто дете е жртва на сексуално насилство.

- Народниот правобранител постојано укажува дека децата жртви на насилство често се соочуваат со двојна траума – од самото насилство и од нечувствителниот институционален одговор. Затоа бараме подобри протоколи, детски пријателски постапки и координација меѓу сите надлежни служби. - Соња Трифуновска – заменик Народен правобранител

Како второстепен орган што реагира кога институциите затајуваат, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација нема евидентирано случаи на сексуално насилство врз деца. Тоа може да значи дека институциите работат ефективно, но според претседателот на Комисијата Душан Томиќ може да е и знак дека жртвите се плашат да пријават поради институционална неажурност.

-Значи можеби тоа е поради ниската свест во општеството или стравот да се пријавува. Ние како комисија ќе продолжиме да даваме препораки, да ги прашуваме институциите дали соодветно постапуваат во случаи на вакво насилство и дека секое дете ќе има шанса да добие безбедна и здрава средина да расте и да се развива. - Душан Томиќ – пртетседател на Комисија за спречување и заштита од дискриминација

На Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација и насилство врз деца, во Скопје беше промовирана националната кампања „1 од 5“. Кампањата предвидува директна работа со наставници и воспитувачи во училиштата и градинките, како и дистрибуција на едукативни видеа и материјали за подигнување на јавната свест за сексуалното насилство врз децата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студено утро, дневната температура ќе достигне до 12 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно, информираат од УХМР.

Студено утро, дневната температура ќе достигне до 12 степени

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 25. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 25. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 25. ноември 2026 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Постои можност за настинка.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се.

Кариера

Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи.

Здравје и совет

Изразите го својот став и борете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас.

Здравје и совет

Одморете се во слободното време.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите.

Кариера

Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им.

Здравје и совет

Преоден стрес.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи.

Здравје и совет

Радувајте му се на секој убав момент.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате.

Кариера

Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата.

Кариера

Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат.

Здравје и совет

Издржете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост.

Кариера

Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас.

Здравје и совет

Преодна психичка нестабилност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено.

Здравје и совет

Душевен немир што набргу ќе помине.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни.

Кариера

Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно.

Здравје и совет

Внимавајте да не се сплеткате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Чувствителност на бубрезите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј Куцуловски

„Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј Куцуловски

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј Куцуловски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер