УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3 Витаминот Д и неговата заштита од сериозни заболувања, време е да ги проверите неговите вредности, тврдат истражувањата
Други спортовиМакедонија втора на мотокрос трките „Гран При Македонија 2013“Репрезентацијата на Македонија го освои второто место во рамките на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос кој викендов се одржа на патеката Милци крај Гевгелија. Натпреварот „Гран При Македонија 2013“, како што информира МИА, се одржа по дождливо време. На калливата патека се појавија вкупно 91 натпреварувачи Македонија, Хрватска, Унгарија, Турција, Албанија, Црна Гора, Романија, Бугарија, Србија и Македонија поделени во шест класи. Во класата ЕМХ85 убедлива победа во двете возења однесе Роберт Томпа од Романија, пред Лука Црнковиќ од Хрватска и Ивелин Господинов од Бугарија. Македонските претставници Христиан Станковиќ и Андријан Ристевски беа на 11. односно 13. место во конкуренција од 20 натпреварувачи. Во класата ЕМХ65 победи Димитар Петров од Бугарија. Бертото заврши втор, а Ковач трет во вкупниот пласман од Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат. Нашиот Лука Ристевски во втората трка одлично се снајде на тешката патека и заврши на 6.место што му беше доволно за вкупно 8-мо место во конкуренција од 19 натпреварувачи. Романски претставник, Георг Кабал со атрактивно возење беше најдобар од 22 натпреварувачи во класата МХ2. Тој победи пред Јанко Ташев од Бугарија и Тамаш Чашар од Србија кој настапува со унгарска лиценца. Чашар се искачи уште еднаш на подиумот беше прв во МХ2 јуниор. Од тројцата наши претставници најуспешен беше Никола Гулевски кој заврши како 13-ти во МХ2, односно 6-ти во МХ2 јуниор. Во најсилната класа МХ1 победи Тодор Тотев од Бугарија пред Бранко Антиќ од Србија и својот сонародник Георги Гочев. Гоце Томовски беше најдобар македонски натпреварувач освојувајќи го 8-мото место. Во класата МХ иако се појавија седум Македонци, сепак на подиумот се пласираат само натпреварувачи од Бугарија. Победи Мартин Тодоров, пред Јулиан Раичев и Васил Стојанов. Николче Тодоров победи во македонскиот шампионат пред Мирче Ќорнаков и Борче Костов. Кај репрезентациите најдобри беа Бугарија, пред Македонија и Романија. Следниот натпревар од отворениот Европскиот и Источно-Европскиот шампионат ќе се одржи во Зарнешти, Романија на 19 мај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаСиљановска-Давкова: Со љубов многу нешта можат да се надминат, ублажат или подобратПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер, во Народната канцеларија во Скопје се сретна со лицата со Алцхајмерова болест и членовите на нивните семејства на настанот „Алцхајмер Матине – она што останува: љубов, емоција, емпатија“, организиран од Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, по повод месецот на Алцхајмеровата болест. На настанот присуствуваа и се обратија и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Сашо Клековски и претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни. Во своето обраќање, претседателката најпрво им посака добредојде на лицата со Алцхајмерова болест во Народната канцеларија, како дом на граѓаните и им изрази благодарност на нивните најблиски за грижата за нив. Таа го сподели искуството на колешка и нејзина инспирација во правната професија од Швајцарија, која, и покрај Алцхајмеровата болест, отворено и гласно застанала на македонската страна, бранејќи ги правото, правдата и етиката. Укажувајќи на огромниот напредок на медицината во справувањето со оваа болест, претседателката сепак ја истакна важноста на подршката на блиските со кои болниот може да ги сподели болката и надежта. „Зборот, насмевката, звукот, гестот, љубовта, со еден збор, имаат незаменливо лековито дејство“, истакна претседателката. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска рече дека на настанот не дошла како министерка, туку како човек кој одблизу се соочил со болеста. Споделувајќи го личното искуство со сопругот, зборуваше за тешките моменти низ кои поминуваат болниот и неговите најблиски. Таа изрази поддршка за лицата и семејствата кои се соочуваат со болеста, нагласувајќи дека и во иднина ќе биде со нив и ќе ги поддржува. Министерот за здравство, Сашо Клековски ја истакна потребата од долгорочна грижа за лицата со деменција и поголема институционална поддршка за нивните семејства, посочувајќи на новите можности за третман и забавување на болеста. „Мораме сè повеќе да размислуваме како да им овозможиме нституционална поддршка на семејствата, за овој период од животот подобро да го организираат и пребродат“, рече Клековски, изразувајќи поддршка за напорите на лекарите и здравствените работници во подготовките за подобра грижа за сите. Претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни, ја нагласи потребата од рана и навремена дијагноза, современа терапија и организирана грижа по поставувањето на дијагнозата. Таа посочи дека Aлцхајмеровата болест не го засега само лицето со дијагноза, туку целото семејство, кое честопати останува само во справувањето со бројните предизвици. „Ако ги обединиме науката, добрите темели во здравството и образованието и ако на сето тоа додадеме љубов, човечност и емпатија, сигурна сум дека ќе направиме систем во којшто сите семејства кои се соочиле со деменцијата ќе живеат малку подобар живот и покрај болката и страдањето што ги носи болеста“, порача Новотни. Настанот беше можност да се истакне значењето на поддршката за лицата со Алцхајмерова болест и нивните семејства, како и потребата од поголема општествена свест, разбирање и солидарност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност, во Берово утринска - 2Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -2 Берово, 0 Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, 3 Скопје-Петровец, 4 Тетово, Охрид, Прилеп, Штип, Демир Капија, Крушево, 5 Куманово, Велес, Виница, Струмица, 6 Претор, Кавадарци, 7 Скопје-Зајчев Рид, 12 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрбен Таравари во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми? Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед? Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени? Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook