Македонија во решавачки дуел со Португалија - Канал 5

Македонија во решавачки дуел со Португалија

Ракометната репрезентација на Македонија само со победа вечерва против селекцијата на Португалија ќе избори пласман на Европското првенство во Данска 2014. Тоа за нашата селекција би бил трет настап на европските шампионати, додека Португалија има веќе пет учества.

Македонија во решавачки дуел со Португалија

Избраниците на селекторот Ивица Обрван сами ќе решаваат за својата судбина и дали ќе добијат шанса да го бранат 5. место освоено на претходното ЕП што е најголемиот успех на македонскиот ракомет на репрезентативен план.

За Стевче Алушевски ова ќе биде последен, проштален натпревар (245. натпревар според неговата статистика) во репрезентативниот дрес.

Левото крило на нашата репрезентација е свесен за тежинината на натпреварот:

- Не очекува тежок натпревар. Но, мора да победиме за да се пласираме на Европско првенство. Оваа репрезентација заслужува да оди во Данска и да го продолжи континуитетот учества на големите натпреварувања, изјави Алушевски.

Португалците според нивните најави уште од почетокот биле свесни дека овој натпревар ќе решава за вториот патник во групата за Европското првенство покрај светскиот шампион Шпанија.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20 часот и 30 минути./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер