Македонија во полуфинале на Светското училишно првенство - Канал 5

Македонија во полуфинале на Светското училишно првенство

И двете кадетски репрезентации на Македонија се пласираа во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет.

Македонија во полуфинале на Светското училишно првенство

И на двата натпревари трибините во салите „Македонски Херои“ и „Македонско Сонце“ беа исполнети. За овој прв историски голем настан за спортска Македонија во рамки на училишен спорт има голема заинтересираност. Денеска нашите две селекции имаа поддршка од бројни македонски легенди.

Кадетките во четвртфиналето ја победија селекцијата на Бразил со 19-18. Во полуфиналето Македонија ќе игра против Турција.

Кадетите со победа ја завршија групната фаза, во последниот натпревар беа убедливо подобри од Бразил со 23-11. Во полуфиналето Македонија ќе игра против Србија.

Полуфиналните средби на програмата се утре во салата „Македонско Сонце“.

Женското полуфинале помеѓу Македонија и Турција стартува во 10:30 часот.

Машкото полуфинале помеѓу Македонија и Србија стартува во 12:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 16. јули 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 16. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 16. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени.

Кариера

Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди.

Здравје и совет

Меланхолија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план.

Кариера

Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања.

Кариера

Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот.

Здравје и совет

Посилни сте од ден во ден.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место.

Кариера

На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива.

Здравје и совет

Се интересирате за козметика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш.

Кариера

Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли.

Здравје и совет

Не манипулирајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого.

Кариера

Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место.

Здравје и совет

Проанализирајте се себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете.

Кариера

Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете.

Здравје и совет

Бидете зрели и воздржани.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот.

Кариера

Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања.

Здравје и совет

Телесно сте одлично , емотивно сте празни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него.

Кариера

Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна.

Здравје и совет

Внимавајте на главата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни.

Кариера

Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите.

Здравје и совет

Поместете ги своите граници.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат.

Кариера

Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински.

Здравје и совет

Концентрирајте се на позитивните работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гордана Сиљановска Давкова во „Само Интервју“

Почитувани,  вечерва во Само Интервју ќе гостува Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Гордана Сиљановска Давкова во „Само Интервју“

Еврокомесарката Кос дојде и си замина со истите пораки, ќе ја имаме ли истата решителност за напредок на пристапниот пат како и за Реформската агенда?

Ги афирмиравме ли нашите ставови на НАТО самитот во Анкара, на повидок ли се излезни решенија?

Треба ли или не, да се менува изборниот законик и зошто фокусот се насочи кон дијаспората? До каде сме со една изборна единица?

Има ли маневрот на Мицкоски врска со евентуални избори?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски, ќе гостува Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум животни вештини што им недостасуваат на денешните деца, според наставниците

 Седум животни вештини што им недостасуваат на денешните деца, според наставниците

Децата и младите денес растат во свет во кој многу секојдневни активности се извршуваат со помош на технологијата, но родителите и наставниците предупредуваат дека на младите и покрај образованието и снаодливоста понекогаш им недостасува практично знаење од секојдневниот живот.

Нови вештини за новото доба

Лори Коп Вајнгартен е советник за образование која им помага на средношколците при упис на факултет, смета дека проблемот често не е во тоа што родителите и училиштата не ги учат младите, туку дека приоритетите се различни. Со цел да се најде простор во наставната програма за кодирање, роботика и видеомонтажа - вештини клучни за дигиталната ера - честопати не останува време за учење ракопис или пишување.

Нина Јевдаш, наставничка од Чикаго, се согласува дека училишните програми се менуваат со текот на времето. Таа се присетува како на колеџ еден професор посветил цел семестар за подучување методи за следење на напредокот на учениците во читање, при што грешките се запишувале на хартија, но вели дека до ден-денес таквиот метод не морала да го примени во нејзината професионална кариера, бидејќи сега постои технологија за тоа.

Меѓучовечки вештини и комуникација

Комуникацијата е клучна вештина, но експертите забележуваат дека сè поголем број ученици се мачат со неа. „Веројатно најголемиот проблем што го гледам кај младите е недостатокот на комуникациски вештини или недостатокот на самодоверба во разговор со други лица, соученици или професори“, вели Коп Вајнгартен.

Таа забележала промена во социјалните вештини во периодот на пандемијата, но смета дека и екраните одиграле голема улога. Според неа, новите генерации повеќе време минуваат пишувајќи пораки, отколку разговарајќи на телефон.

Читање аналогни часовници и мапи

За многу деца, денес, читањето аналоген часовник или географска карта е непознато, вели Коп Вајнгартен. На децата кои пораснале знаејќи дека секој има телефон со дигитален часовник и GPS во џебот, овие вештини им изгледаат бесмислени.

Пишување букви

Слично како читањето часовник, пишувањето со рака стана непотребно за многу млади луѓе бидејќи многу повеќе време минуваме пишувајќи на тастатура или телефон, наместо да пишуваме со рака. Денес, сè повеќе училишта бараат задачите да се предадат дигитално, па времето поминато во пишување на компјутер или телефон го надминува времето потрошено на пишување.

Пишување писма

Во денешниот свет на електронска пошта, SMS и разни апликации за допишување, пишувањето писма е еден од најбавните начини за комуникација. Коп Вајнгартен споделува анегдота за студент кој морал да му се јави на својот татко за да праша како да испрати писмо. "Таткото му кажа дека мора да стави маркичка. Синот потоа му испрати слика од налепници со повратната адреса: „Ова е маркичка?", се присетува Коп Вајнгартен.

„На крај, ги најде маркичките, но не знаеше на која страна од пликот да ги стави. Смешно е затоа што студентот е исклучително бистар и способен, но едноставно никогаш претходно немал потреба да испрати писмо“. Иако не е популарно како некогаш, пишувањето писма има свои предности: ги принудува децата да забават, да размислат што сакаат да кажат и да бидат промислени.

Правопис и писмено изразување

Коп Вајнгартен повеќе ја загрижува и општото ниво на писменост кај младите. „Децата не пишуваат добро“, вели таа. Иако децата ги учат основите на правописот и граматиката на училиште, поголем дел од нивната комуникација се одвива преку пораки и социјални мрежи, каде што се навикнуваат на неформален стил. Во тоа не помагаат ни алатките за автоматска проверка на правописот, кои на тинејџерите им нудат точен одговор без да мора да ги учат правилата.

Управување со пари

Пишувањето чекови стана реткост благодарение на онлајн банкарството и апликациите за плаќање, што прави децата да растат без да ги доживуваат парите како видлив поим во апликацијата. Пишувањето чек и плаќањето во готово ги прави парите конкретни и опипливи. Од друга страна, пак, загрижува и тоа што децата можеби нема да ги научат основите на финансирање и банкарство, што е клучна вештина во зрелоста.

Способност да се концентрираат

Денес, многу воспитувачи пријавуваат проблеми со нарушено внимание кај помалите деца. На децата од претшколска возраст сè повеќе им е тешко да останат смирени и фокусирани, а тоа влијае на усвојувањето вештини. Бидејќи за да научите нешто, мора да се посветите на истото. Дел од проблемот многу невропсихијатри го гледаат во времето поминато пред екран, каде што брзите промени на сликите го условуваат мозокот да очекува постојани дразби. Но, исто така сметаат дека децата тешко се снаоѓаат бидејќи нивните родители се преангажирани за да можат да поминат повеќе време со децата дома.

На децата, според психолозите, им е потребна насочена игра што самите ќе ја водат, за да можат самостојно да учат и да се развиваат. Понекогаш, поголемиот фокус на играта, на решавањето проблеми и самостојно снаоѓање во светот, наместо на градењето вештини, е најдобрата лекција што децата можат да ја добијат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер