Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар
1Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар
РакометМакедонија во ноември домаќин на Европското првенство во ракомет за жени Европското првенство во ракомет за жени - по речиси една ипол деценија повторно на македонски терен!Под слоганот #PLAYWITHHEARТ, Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора, есенва ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во ракомет за жени. Првенството ќе се одржува од 4 - 20 ноември, а меѓу најдобрите 16 европски селекции, македонската женска ракометна репрезентација во прелиминарната фаза ќе настапи во рамки на групата Ц, заедно со Холандија, Романија и Франција. Натпреварите од прелиминарната Ц група ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски,“ а билетите се веќе во продажба. Денес на официјалната прес-конференција на Ракометната федерација на Македонија, официјално беше претставена програмата за богатата спортска есен, чиј епицентар ќе биде градот Скопје. Покрај тоа, во рамки на настанот, г-ѓа Гордана Нацева - едно од најмаркантните ракометни имиња и капитен на некогашниот европски шампион Кометал Ѓорче Петров, беше промовирана во амбасадор на Women's EHF EURO 2022 SLO/MKD/MNE . Според Нацева, фактот што земјава е еден од домаќините, претстојното првенство, претставува одлична можност да се врати центарот на вниманието на женскиот ракомет во македонски рамки, но и да се зголеми интересот за ракометот на девојките ширум земјата. „EHF EURO група Ц, која ќе се игра во Скопје, е одлична шанса да се подигне женскиот ракомет на повисоко ниво, да се стави спортот во центарот на вниманието и да се мотивираат младите девојки, како би имале поголем интерес за ракометот. Спортот е најдоброто нешто во животот и развојот на едно дете и би сакала тоа да го знаат и родителите и децата. Спортот може да ве научи на многу работи. Затоа ова натпреварување ќе биде ветар во крила за сите нас во женскиот ракомет да направиме нешто подобро“, вели Нацева. Загревањето за големите натпревари започнува на 1 октомври (сабота) со пријателскиот натпревар на македонската женска сениорска репрезентација со женската репрезентација на Норвешка, со почеток од 16.00 часот во СЦ „Борис Трајковски,“. Влезот за натпреварот е слободен. Ракометот е спорт број еден во земјава, а тоа што по втор пат сме домаќини на Европско сениорско првенство (после ЕП 2008), преставува огромна чест, но и голем предизвик. Македонската женска сениорска репрезентација ве поканува да дојдете на трибините, гушнати под боите на нашето знаме заедно да покажеме колку се гордееме со нашиот тим и да навиваме, достојно носејќи ја титулата земја - домаќин! Играме со срце – навивајте за нас! Во продажба се дневни билети, пакет билети за прелиминарната рунда и за главната рунда, како и за пакет билети за сите натпревари кои се одигруваат во Скопје. Попусти има за студенти, деца и пензионери, како и за купување на повеќе од три билети. Билети може да се купат на следниот ЛИНК. Она што е важно да се нагласи е дека во Скопје, покрај првата (прелиминарна) рунда ќе се играат и натпреварите од главната рунда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаСредба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај БланарПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста на континуираната словачка поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован врз заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми. За неа, постепената интеграција и пристапот до единствениот европски пазар, европските фондови и заедничките програми, води кон приближување кон ЕУ, но не може да биде замена за полноправното членство. Таа изрази подготвеност за сестран дијалог со Република Бугарија, во духот на европските принципи и вредности, гарантирани во основачките документи. Министерот Бланар ја реафирмираше словачката заинтересираност и посветеност на евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и нашата. Тој силно го поддржа македонско-бугарскиот дијалог, како единствен начин за надминување на проблемите. Како многупати досега, министерот нагласи дека Словачка е против било какви двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ. Соговорниците ги истакнаа блиските јазични и културни врски меѓу двете земји, втемелени во делото на сесловенските браќа Кирил и Методиј. Претседателката изрази длабока благодарност за објавувањето на првиот учебник за изучување на македонскиот јазик за словачките говорители и отворањето на првиот лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Нитра, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
БалканСопственикот на „Пинк“ најави откази- ќе отпушти околу 1.000 вработени Сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, објави дека ќе отпушти околу илјада вработени во неговите компании. Одлуката дојде откако, според неговата објава на социјалните мрежи, 150 луѓе во театарот Одеон веќе ги загубија своите работни места, пишува Нова.рс. „Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот Одеон, 150 луѓе ги загубија своите работни места. Во целиот систем, ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе, поточно од десетина компании кои сè уште не стапнале на „зелената гранка“. Се гледаме, драги пријатели, во подобри времиња! Вашиот Жекс ве сака“, напиша Митровиќ. Најава за затворање по само една година Театар Одеон беше отворен во септември 2024 година во центарот на Белград, во просторот на поранешното кино што Митровиќ претходно го купи. Митровиќ првпат објави распуштање на театарот и отпуштања во Пинк на крајот на 2025 година, малку повеќе од една година по отворањето.Тагови: Пинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
БалканСе урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)Воен хеликоптер се урна во градот Горице во близина на Брчко.Како што може да се види на фотографиите, хеликоптерот е целосно уништен, а неофицијално, дознаваме дека три лица загинале. Полицијата на округот Брчко (ПБД), како и противпожарни и екипи на брза помош, веднаш пристигнале на местото на падот на хеликоптерот. Пошироката област била веднаш обезбедена. Три лица загинаа, а 12 се повредени во пад на хеликоптер во градот Горице во близина на Брчко, потврди Klix.ba. Според директорот на Институтот за јавно здравје на Брчко, Јасмин Механовиќ, еден од повредените е во критична состојба и најверојатно ќе биде префрлен во Универзитетскиот клинички центар Тузла. Екипи од полицијата на округот Брчко, пожарникари и служби за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата. Пошироката област околу местото на падот на хеликоптерот е обезбедена. „ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случи несреќа во која се урна еден од нивните авиони“, објави мисијата. Во соопштението се наведува и дека во инцидентот не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила, како и дека нема повредени цивили. ЕУФОР, исто така, ги повика граѓаните да не шират непроверени информации за несреќата и да добиваат информации исклучиво преку официјални канали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook