Македонија во исчекување на одлуката на ЕУ за преговори

Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето.

Македонија и Албанија ќе бидат главна тема на преговорите во овој дел. Министрите треба да одлучат дали и кога овие две земји ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската Комисија на 29 мај во своите извештаи.

До сега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок, а на амбасадорско ниво во Брисел интензивно се водат консултации и се расчистува патот до компромис изминативе денови. Според дипломатите во Брисел, голем број земји членки сметаат дека е потребна позитивна одлука за двете земји веќе во јуни, додека други сметаат дека одлуката треба да се одложи за на есен.

Во отсуство на компромис, одредени земји на ЕУ предлагаат да се надмине овој ќор-сокак во преговорите со тоа што би и се дало зелено светло на Македонија, а одлуката за Албанија би се одложила во исчекување на поголем напредок во политичкиот дијалог со опозицијата и борбата против корупцијата и организираниот криминал, двете најслаби точки на Тирана.

За сега низ бриселските кулоари кружат повеќе верзии на заклучоците кои би можеле да ги усвојат министрите во вторник, и во нив Албанија и Македонија не се раздвојуваат, а се дава заложба за конечна позитивна одлука во септември 2019-та. Но, преговорите помеѓу министрите во вторник допрва можат да донесат промени и изненадувања, брифираат дипломатите во Брисел, а одвојувањето на Скопје и Тирана не се исклучува.

Одлуката што ќе ја донесат министрите во вторник потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот Совет на 20 и 21 јуни во Брисел. /МИА.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер