Македонија утре со Данска се простува од ЕП

Машката ракометна репрезентација на Македонија со утрешниот натпревар со Данска ке го заврши настапот на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Словачка.

Без оглед на резултатот со актуелниот светски шампион, нашите ракометари немаат шанси за пласман во наредната фаза во која ке се пласираат само 12 селекции односно по две од сите шест групи. Македонија ги загуби сите изгледи за пробив во понатамошните натпревари по двата порази од Словенија и Црна Гора, а по убедливиот триумф на Данска над Словенците. Ваквиот исход од евро-шампионатот за Македонија ке значи потежок пат кон Светскиот шампионат идната година во Шведска и Полска затоа што ке треба да игра двоен бараж.

Најпрво со некоја од селекциите што во овој момент игра преткфалификации, а подоцна доколку тој дуел биде успешен, со некоја од селекциите што ке минат во вториот круг од тековното Европско првенство.

Со тоа се покажа дека новиот систем на натпреварување на европските првенства со 24 екипи од кои половината веднаш си одат дома е крајно неповолен за селекциите како нашата бидејки прилично се отежнува квалификацискиот процес за големите натпреварувања.

Нѐ очекува ли сериозно поскапување на цената на струјата од идниот месец?

Се заканува ли драстичен раст на цената на струјата за домаќинствата од јули?! 

Од РКЕ велат уште пред да почнат да ја пресметуваат новата цена, на глава им висат минимум 10% зголемување поради малверзации на дел од општините. Претседателот Бислимовски објаснува дека за да ги скусат трошоците за електрична енергија, формирале јавни претпријатија преку кои обезбедувале струја за јавно осветлување по цена за домаќинства и за само четири месеци, оптоварувајќи го системот, на ЕВН им направиле долг од 30 милиони евра. Регулаторна сега бара начин како овој трошок да не падне на товар на граѓаните.

„Измислуваат разно разни финти за да се вратат на регулиран пазар и заради тоа само за први 4 месеци имаме трошок од 30 милиони евра и тоа значи 10% зголемување на цена на струја. Тој трошок РКЕ сега ќе го префрли назад на општините и ниту на крај на памет не ми е, тој товар да го преземе РКЕ.“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Во овие 10% раст кои ги најавува РКЕ, не се пресметани трошоците на енергетските компании и цената на ЕСМ од која всушност најмногу зависи крајната цена на сметките за струја. Дел од компаниите веќе доставиле барања, се чека уште од МЕПСО. Во меѓувреме Регулаторна го крои новиот тарифник со кој цената на струјата во скапа тарифа ќе зависи од потрошувачката. Бислимовски открива дека се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена.

„Некаде очекувањата се да се движиме од 150 до 250 киловат часови првиот блок само за скапа тарифа, па потоа од 250 до кај 300, 400, па 400 до 500, во тие се последни анализи, бидејќи правиме анализи на постоечката одлука и ги распределуваме блоковите во насока да има што е можно поголемо олеснување кај домаќинствата.“ истакна Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Спас од скапата струја, се повеќе граѓани и фирми гледаат во инсталирање на фотоволтаици на крововите, но големи пречки имаат во бирократските процедури. Премиерот Ковачевски најавува дека измените во законите се на самиот крај и за многу скоро на граѓаните, но и фирмите ќе им се олесни постапката.

„Со тие решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати, колку што е предлогот, како и дуплирање на капацитетот за компаниите коишто сакаат да стават на своите покриви, ќе се олесни постапката, односно ќе имаме постапка која што ќе биде идентична со постапката и процедурите во западноевропските држави.“ најави Димитар Ковачевски, претседател на Влада.

Премиерот од Вруток најави и инвестиција од 29 милиони евра за ревитализација на сите хидроелектрани со што домашното производство ќе се зголеми за 40 гигават часа. А, според Бислимовски единствен спас за ублажување на ценовниот шок за граѓаните е ЕСМ да обезбедува 100% од потребите на ЕВН Хоум.

Стојчевска: „Отворен Балкан" е можност три држави да споделат искуства на полето на културата

 „Отворен Балкан" е можност три држави да споделат искуства на полето на културата.

Министри за култура, претставници од агенции задолжени за филм, младински културни центри, големи државни и приватни музички фестивали, музеи, филхармонија, опера и балет како и театри ќе учествуваат на „Отворен Балкан", кој ќе се одржи на 7-ми и 8-ми јуни 2022 година, во Охрид, Македонија. Оваа иницијатива е во организација нашефовите на владите на Албанија, Еди Рама, на Македонија, Димитар Ковачевски и на Србија, Александар Вучиќ.

- Отворен Балкан е регионална иницијатива која има за цел да ја олесни трговијата и да го поттикне економскиот развој низ целиот регион. Оваа иницијатива ја нагласува важноста на регионалните врски и слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. Сепак во духот на продлабочувањето на оваа иницијатива е создавање на упориште на пријателство и соработка на полето на културата како значаен дел од секоја од овие земји, а истовремено да се поддржи и промовира туристичкиот сектор, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа порача дека Отворен Балкан, исто така, се стреми да ја забрза европската интеграција на земјите од Западен Балкан и да придонесе секоја земја да стане членка на Европската Унија во разумен рок.

-Според мене овој настан заслужува достојно внимание бидејќи за првпат ќе имаме можност трите држави да споделиме искуства на полето на културата во сите сегменти, со цел да се надминат разликите, но и да се овозможи промиоција на нашите културни добра, претстави, музеи, а на тој начин ќе придонесеме и до значаен развој на туризмот, додаде таа.

Државите од „Отворен Балкан" работат и на основање заеднички филмски фонд на кој ќе аплицираат копродукции иницирани од трите земји.

Трите влади се обврзаа и дека ќе се интензивираат контактите, познанствата, размените и заедничките иницијативи меѓу младите од нашите држави преку организација на настани. Од заеднички летувања, преку спортски турнири и културни настани до научно-истражувачки хабови.

На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата и затоа ќе бидат присутни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Иницијативата Отворен Балкан останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Министерство за култура

Уапсени 16 лица за пустошење на шуми во прилепско, меѓу нив и малолетници

На повеќе локации во место викано Борула, прилепско, вчера уапсени 16 лица за пустошење на шуми во прилепско, меѓу нив и малолетници

Во координираната акција наречена “Гора”, пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва.одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП” Национални шуми”.

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “пустошење на шуми” од кз на рсм.

притисни ентер