Македонија утре против Белорусија за Европското првенство 2015 - Канал 5

Македонија утре против Белорусија за Европското првенство 2015

Македонија против Белорусија утре ќе брка победа со што поголема разлика за да ја престигне Белгија на првото место во квалификациската група Ц и со тоа да биде подобро рангирана за ждрепката за групите од Европското првенство.

Македонија утре против Белорусија за Европското првенство 2015
На претходните два натпревари против Белгија и Данска, салата „Борис Трајковски“ не беше исполнета до последното место, утре треба да се очекуваат полни трибини за кошаркарите заедно со навивачите да го прослават пласманот на Европското првенство.

Бранко Казаковски во вестите во 18 часот анализираше што ќе се случи доколку утре загубиме од Белорусија, и дали има шанси да не се пласираме на Евробаскето идната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несреќни туристи се најдоа среде улична војна во Париз- едвај се спасија натоварени со куфери (ВИДЕО)

Вознемирувачки снимки од насилство на улиците на градовите низ целата земја доаѓаат деновиве од Франција, каде што се судираат демонстрантите и полицијата.

Несреќни туристи се најдоа среде улична војна во Париз- едвај се спасија натоварени со куфери (ВИДЕО)

Во морето снимки од насилство и грабежи на продавници за луксузна стока, оваа од Париз, каде што две туристки се најдоа среде улична војна, привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Имено, двете патувале во „градот на светлината“ во потрага по романса и веројатно желба да ги видат симболите на француската престолнина, како што се Ајфеловата кула и Триумфалната капија, а наместо тоа морале да си го спасат животот.

Водени топови, солзавец, маскирани бандити ги опкружиле додека се движеле низ улиците на Париз туркајќи ги своите куфери. Според сите извештаи, овие две туристки избрале погрешно време да го посетат „градот на светлината“.

Патем, Париз се смета за една од најпосетуваните туристички дестинации во светот. Помеѓу 47 и 49 милиони туристи, домашни и од целиот свет, го посетуваат овој град секоја година.

Бројот на жртви од немирите во неделата навечер кон понеделник беше голем. Според најновите бројки од француското Министерство за внатрешни работи, 2.397 лица биле уапсени, а 997 полицајци и жандармериски службеници биле повредени, од кои седум потешко, за време на националните протести поради високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смртоносна амеба е откриена во шест езера- маж почина, властите со итно предупредување

Здравствените власти во мексиканската држава Јукатан објавија дека амебата Naegleria е пронајдена во шест од деветте вештачки езера во градот Мерида, поради што е забранет секој контакт со водата на тие локации.

Смртоносна амеба е откриена во шест езера- маж почина, властите со итно предупредување

Резултатите од тестот беа објавени по проширената контрола на квалитетот на водата, започната по смртта на 34-годишен маж, за кого беше потврдено дека е заразен со амебата Naegleria fowleri.

Заштитни бариери и предупредувачки знаци

Амебата е пронајдена во езерото во близина на трговскиот центар Плаза Ла Исла, во источните и главните езера на комплексот Кабо Норте, како и во езерата Сентенарио, езерото Гран Парке Ла Планча и еколошкиот парк Пониенте, објавува списанието Јукатан.

Здравствените власти наредија поставување заштитни бариери и предупредувачки знаци, додека контактот со водата ќе биде забранет сè додека езерата не ги исполнат пропишаните санитарни услови и лабораториските анализи не потврдат дека се безбедни.

Парковите и зоолошките градини остануваат отворени за посетители, но пристапот до водата е забранет на шест локации каде што е откриена амебата.

Според здравствените власти, инфекцијата на човекот кој почина во септември е потврдена од националната референтна лабораторија InDRE.

Според извештаите на локалните медиуми, човекот работел како инструктор за вејкбординг на езерото во близина на трговскиот центар Плаза Ла Исла.

Голтањето вода не предизвикува инфекција

Поради случајот, здравствениот надзор вклучувал 361 лице кои престојувале на локацијата.

Амебите од родот Naegleria главно живеат во топла слатка вода. Видот Naegleria fowleri може да предизвика ретка, но исклучително опасна инфекција на мозокот, позната како примарен амебен менингоенцефалитис.

Инфекцијата се јавува кога контаминираната вода ќе стигне до мозокот преку носот. Голтањето на водата не предизвикува инфекција, а болеста не се пренесува од човек на човек.

Според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), повеќе од 97 проценти од луѓето заразени со Naegleria fowleri не преживуваат, иако болеста е исклучително ретка.

Помалку од десет случаи се пријавуваат годишно во Соединетите Американски Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск: На секое дете во САД ќе му подарам по една акција во Спејс Икс

ЅpaceX на Илон Маск и технолошката компанија за вештачка интелигенција Anthropic најавија големи донации во форма на нивните акции.

Маск: На секое дете во САД ќе му подарам по една акција во Спејс Икс

ЅpaceX на Илон Маск и технолошката компанија за вештачка интелигенција Anthropic најавија големи донации во форма на нивните акции бидејќи технолошките гиганти се соочуваат со зголемен притисок за можните последици од вештачката интелигенција за човештвото.

Маск најави дека следната година ќе подари по еден од своите акции во вселенската компанија Спејс Икс, која е сопственик на компанијата за вештачка интелигенција xAI, на секое дете во САД. Најавата на милијардерот дојде откако Антропик објави дека ќе издвои пет отсто од своите акции за фонд кој ќе финансира донации за „општото добро“.

Антропик се подготвува за потенцијално ИПО соборување на рекорди, што би можело да ја вреднува компанијата на повеќе од 1 трилион долари. Во јуни SpaceX постави рекорд за најголема иницијална јавна понуда (IPO) во историјата, собирајќи 85,7 милијарди долари.

Маск сака акциите директно да им бидат распределени на граѓаните

Овие најави доаѓаат во време кога индустријата за вештачка интелигенција е под зголемена контрола поради безбедносни грижи и стравувања од последиците што нејзиниот развој може да ги има врз општеството и работните места. Деталите за тоа како секое дете во САД би добило дел од SpaceX сè уште не се објавени.

Маск на социјалните мрежи напиша: „Следната година ќе му дадам една од моите акции на SpaceX на секое дете во Америка. Тоа ќе биде првото од многуте“.

Тој го објави ова откако одговори на најавата на Антропик за основање на фондот со порака: „Препорачувам акциите да се поделат директно на граѓаните. Јас сам ќе го направам тоа“.

Приходите на Антропик рапидно растат

Антропик објави дека акциите во својот Фонд за општото добро нема да се користат за лобирање или за политички донации во САД или во странство. Компанијата која стои зад вештачката интелигенција Клод најави и дека одборот на директори, според сопствената проценка, би можел да додели дополнителни два отсто од акциите на фондот, пишува Би-Би-Си.

Антропик им кажа на потенцијалните инвеститори минатата недела дека нејзиниот приход се зголемил за 45 отсто на 16,8 милијарди долари во трите месеци до крајот на септември.

Како и другите компании во секторот за вештачка интелигенција, Anthropic се обидува да се претстави како компанија која може да оствари огромни профити, и покрај тоа што инвестира милијарди долари во развојот на технологијата и изградбата на инфраструктурата потребна за водење на нејзините модели.

Компаниите ширум светот, пред се во технолошкиот сектор, укинаа илјадници работни места откако инвестираа во вештачка интелигенција. Многумина од нив како причина ја наведуваат поголемата ефикасност што ја носи примената на таа технологија.

Истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 2024 година покажа дека вештачката интелигенција ќе влијае на речиси 40 отсто од работните места во светот, а во развиените економии овој удел би можел да достигне и до 60 отсто.

Драматично предупредување од истражувач кој го напуштил Антропик

Во септември, истражувач кој го напушти Антропик рече дека луѓето кои работат на развојот на вештачката интелигенција се „искрено исплашени“ од брзината на нејзиниот напредок и можните последици за човештвото. „Ако не го забавиме сегашното темпо на напредок, верувам дека постои голема веројатност сите да умреме во блиска иднина“, изјави тој.

Џејкоб Коксон зборуваше за Би-Би-Си откако неговото писмо за оставка за опасностите од вештачката интелигенција стана вирално. Ова се случи во време на зголемена загриженост за безбедноста на индустријата.

Неговиот поранешен шеф, шефот на Антропик, Дарио Амодеи, претходно повика на забавување на развојот на вештачката интелигенција, иако некои ги доведуваат во прашање мотивите зад таквите повици.

Шефовите на две конкурентски компании за вештачка интелигенција, Сем Алтман и Маск од OpenAI, исто така рекоа дека се согласуваат со предлогот на Амодеи да го забави развојот на технолошката индустрија ширум, да го регулира и независно да го надгледува развојот на моделите за вештачка интелигенција.

Трамп формираше работна група за вештачка интелигенција

Претходно овој месец, американскиот претседател Доналд Трамп и шефовите на големите компании за вештачка интелигенција потпишаа документ опишан како „морално обврзувачки“. Со него тие презедоа обврска да бидат одговорни за безбедноста на сопствените технологии.

Трамп постојано ја отфрла идејата за донесување закони за регулирање на развојот на оваа технологија, и покрај дискусиите за можните ризици од вештачката интелигенција и нејзините последици за човештвото.

Претседателот потоа го назначи директорот на националното разузнавање Џеј Клејтон да раководи со новата работна група за вештачка интелигенција. Како што рече, таа ќе ја координира соработката на Владата со потрошувачите, компаниите и „верските организации“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер