Македонија успешно претставена на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг - Канал 5

Македонија успешно претставена на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг

Состаноци со директори и заменици-директори на три издавачки куќи од Пекинг, работни средби со менаџерите на две големи кинески дистрибутерски фирми кои понудија продажба на антологиите на македонската книжевност преведени на кинески јазик во Кина, интервју на Јовица Тасевски-Етернијан за пекиншка телевизија, беа дел од активностите на 23. Меѓународен саем на книгата во Пекинг каде Република Македонија беше успешно претставена.

Македонија успешно претставена на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг
Главен акцент на македонскиот штанд беше ставен на презентирањето на книгите од капиталниот издавачки проект Превод на антологии на македонската книжевност на шест странски јазици: кинески, руски, француски, германски, шпански и арапски. На македонскиот штанд беа изложени и дел од книгите од проектот Превод на англиски јазик на 135 тома „Македонска книжевност", како и монографии за македонското културно наследство и други публикации.

Штандот на кој Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" го претстави македонското книжевно творештво, континуирано го привлекуваше вниманието на посетителите кои беа особено заинтересирани за антологиите на македонската книжевност преведени на кинески јазик, како и за македонското културно наследство.

Тасевски-Етернијан во интервјуто информираше дека комплет од антологиите на македонската книжевност преведени на кинески јазик, заинтересираните читатели можат да најдат во Националната библиотека на Кина.

Во рамки на саемот беше одржан и состанок со директорката за меѓународна соработка на групацијата во која членуваат педесет издавачи од Шангај кои беа заинтересирани за објавување книги од македонски поети, романсиери и писатели за деца. Реализирани беа состаноци и со директорот на центарот „Ксијан" при издавачот „Комерцијален печат" во врска со превод и издавање книга за македонските цркви и фрескосликарството и со заменик-директорката на издавачкиот центар на универзитетот Југозападен Џијаотонг за превод и издавање на стручна литература.

На кинеските издавачи им беше презентиран Конкурсот на Министерството за култура на Република Македонија за странски издавачи за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици.

На штандот беа остварени средби и со неколку преведувачи и универзитетски професори кои исто така пројавија интерес за конкурсот на Министерството за култура за финансирање преводи на дела од македонски автори.

Македонскиот штанд на саемот го посетија висока делегација на Министерството за култура на Република Македонија предводена од заменик-министерот Драган Недељковиќ и Бекри Ајдини од Амбасадата на Република Македонија во Пекинг.

Република Македонија беше вклучена меѓу 16 држави од Централна и Источна Европа кои имаа почесно место на 23. Меѓународен саем на книга во Пекинг. Република Македонија и македонскиот штанд беа претставени и во печатеното и во он-лајн списанието на организаторот на саемот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар

Од полноќ нови цени на горивата. По само две недели дизелот повторно ќе се продава со цена повисока од 100 денари.

Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг.

Новите повисоки цени регулаторна ги откри попладнево. Повеќе детали има Игор Манасиевски. Регулаторна непшто подоцна од вообиучаено ги соопшти новите цени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски се сретна со Ландау: Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.

Мицкоски се сретна со Ландау:  Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области

„Во Њујорк остварив официјална средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

На средбата беа и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик помошник-државен секретар за Европа.

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави.

Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери. Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи.

Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, за економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и за улогата на земјава како сојузник во НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност.

Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери. Градиме односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која треба да носи резултати за граѓаните и за државата.

Особено значајно е што имаме директен и отворен дијалог со американската администрација. Ваквите средби се можност нашите позиции да бидат јасно претставени и македонските интереси да бидат слушнати таму каде што се разговара за важни регионални и глобални прашања.

Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет.

Токму таква држава градиме. Исправена, со јасен став и сигурна иднина.“- Обрави Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвото

Во извештајот на Обединетите нации се наведува дека неодамнешните американски воздушни напади врз бродови осомничени за шверц на дрога го прекршиле меѓународното право и би можеле да се сметаат за злосторства против човештвото.

ОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвото

Во извештајот на специјалниот известувач Бен Сол се наведува дека од септември минатата година, во Карипското Море и во Тихиот Океан, надвор од територијалните води на САД, биле извршени најмалку 68 американски напади во кои загинале повеќе од 220 луѓе, пренесува Би-би-си.

Извештајот беше објавен два дена откако американската војска соопшти дека убила четворица луѓе во напад врз брод на Карибите. „Потврдени разузнавачки податоци открија активна вмешаност на пловниот објект во трговијата со дрога. Во операцијата беа убиени четворица нарко-терористи“, се вели во соопштението на „Southcom“ – командата на американските сили во регионот – која исто така објави видеоснимка од нападот.

Американската војска ја започна операцијата наречена „Southern Spear“ на почетокот на септември. Сепак, официјалните лица не понудија цврсти докази дека целните бродови навистина биле вклучени во шверц. Министерот за одбрана Пит Хегсет претходно изјави дека целта на операцијата е да се отстранат „нарко-терористите од нашата хемисфера“ и да се заштитат САД од „дрогата што ги убива нашите луѓе“.

Кршење на правото на живот

Сол истакна дека целите, дури и ако можат да се идентификуваат како припадници на одредени терористички групи, не извршиле вооружен напад врз САД што би го активирал правото на самоодбрана според меѓународното право. Во извештајот објавен денес од Советот за човекови права на ОН, Сол наведе дека „таквите напади претставуваат низа вонсудски убиства со кои се крши правото на живот, бидејќи не се оправдани со национална или лична самоодбрана“.

Сол додаде дека за нив не постои оправдување според меѓународното хуманитарно право, правото на море, конвенциите за борба против наркотици или меѓународното право за борба против тероризмот. „Постојат разумни основи да се верува дека 68-те пријавени напади, во кои загинаа 223 лица, претставуваат злосторства против човештвото во форма на убиство според обичајното меѓународно право“, заклучи Сол.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер