Македонија со втора победа на Мундијалот - Канал 5

Македонија со втора победа на Мундијалот

Македонските ракометари со 28: 23 ја совладаа и репрезентацијата на Бахреин на Светското првенство во ракомет.

Македонија со втора победа на Мундијалот

Македонија во првото полувреме против Бахреин во второто коло од Групата Б на Светското првенство во Германија и во Данска. Избраниците на Раул Гонзалес на паузата заминаа со предност од четири гола (12-8) благодарение на одлично одиграните неколку последни минути од првиот дел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расправата за Законот за правична застапеност се очекува да продолжи в понеделник најавува Гаши

Правичната застапеност конечно ќе се регулира со закон, наместо со алатка како „балансерот“ и потребно е да му се даде шанса да се донесе, а ако има забелешки може дополнително да се подобрува, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши .

Расправата за Законот за правична застапеност се очекува да продолжи в понеделник најавува Гаши

Правичната застапеност конечно ќе се регулира со закон, наместо со алатка како „балансерот“ и потребно е да му се даде шанса да се донесе, а ако има забелешки може дополнително да се подобрува, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши во вчерашното „Само интервју“. Законското решение се очекува во понеделник повторно да се најде пред пратениците откако вчера расправата за него беше одложена поради отсуството на вицепремиерот Беким Сали како овластен предлагач.

-Најверојатно в понеделник ќе се свика продолжение на седницата и ќе се резгледа точката дефинитивно. Дали законот е перфектен, но ајде да дадеме можност и шанса, може идната година да направиме евалуација сите заедно да го подобриме. Дуи кога ќе дојде на власт..Може и со подзаконски акти многу работи да се регулираат...Тие што го изготвуваа законот мислеа на подигнување на цел еден систем како ова уставно начело да биде изрегулирано, изменаџирано и да биде почитувано тоа уставно начело. Да профункционира ова со закон, изјави Гаши.

По најавите од опозициската ДУИ дека ако треба и физички ќе го спречат донесувањето на законот, Гаши оцени дека таквиот речник не е соодветен за демократска држава, а демократијата подразбира владеење на мнозинството. Реториката на ДУИ не му користи никому, вели Гаши, и од партијата на Ахмети очекува конструктивност наместо тензии.

-Апсолутно мислам дека не можеме да имаме таков речник. Како физички би се се спречило, ние живееме во демократска држава. Имаме Деловник, Устав, треба по процедурите да разговараме. Јас ги почитувам политичките партии, во ред е пратениците да имаат свои ставови, да предложат амандмани, да го подобриме Законот, но демократија е владеење на мнозинството.. Дали се тие поголеми Албанци од вас, или едноставно не можете да се носите со нивниот ПР? – Па, не знам што е критериум за добар Албанец. Ако е корупцијата, подигнување на меѓуетнички тензии и други критериуми, можам рака да им подадам. Албанците и Македонците кои ги хранат меѓуетничките тензии ниту се добри Албанци, ниту се добри Македонци, изјави Гаши.

Законот ќе се носи со таканаречено мало Бадентерово мнозинство -за да помине треба да има 61 глас, како и мнозинство од присутните пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници. Според Гаши, бадентеровото мнозинство ќе зависи од сите пратеници, не само од оние од ДУИ, кои жестоко се противат за ова законско решение. Сепак е е неизвесно дали власта ќе успее да обезбеди Бадентер без нивните гласови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

Премиерот Мицкоски со владина и бизнис делегација е во работна посета на Турција.

Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

На бизнис форум во Истанбул посветен на соработката мегу двете држави, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

Македонија денес се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски зони и пристап до регионалните и европските пазари. Турските компании преку инвестирање во македонија добиваат можност да станат дел од европските синџири на снабдување и да го прошират своето присуство на пошироки пазари, посочил Мицкоски

Целта на Македонија е да гради долгорочни партнерства кои ќе создаваат нови работни места и поголем економски раст... Ги поканив турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на македонија, држава која има јасна визија за иднината, отворена врата за нови инвестиции и силна определба за економски развој.

Изјава христијан мицкоски-претседател на влада

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова по средбата со Сиљановска Давкова- Македонија презема обврски кои мора да ги исполни

Македонија презема обврски кои мора да ги исполни - порача бугарската претседателка Илијана Јотова во првото јавно обраќање по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија.  

Јотова по средбата со Сиљановска Давкова- Македонија презема обврски кои мора да ги исполни

Според Јотова, преземените обврски не се однесуваат само на внесувањето на Бугарите во Уставот, туку и на целосната примена на Договорот за добрососедство и протоколите што произлегуваат од него. Пред бугарските медиуми Јотова нагласи дека меѓународните договори потпишани од Македонија се обврска, без оглед која влада ги склучила или кој е на власт во моментот.

-Македонија преземала обврски и тие треба да ги исполни. Дел од тие обврски се поврзани со признавањето и впишувањето на бугарското малцинство во уставот и сите поврзани текстови, како и преговарачката рамка која го вклучува Договорот за добрососедство и протоколите. / За прв пат во целата моја работа и политичка кариера сретнувам такво тврдење дека тој Договор со Македонија е потпишан од претходна влада и претходни политичари и дека тоа не е од важност за нив. Јас мислам дека секој меѓународен договор се потпишува од државата и тој потпис си има своја тежина,- - Илијана Јотова – Претседателка на Бугарија.

Дека покрај уставните измени, Бугарија има и други барања кон земјава поврзани со протоколите и работата на истроиската комисија, по средбата потврди и македонската претседателка Сиљановска Давкова.

По ваквите пораки од првата средба на Јотова и Сиљановска-Давкова по формриањето на новата Влада на Радев, дел од политичките аналитичарите во земјава, сметаат дека би било наивно да се верува дека уставните измени се последно барање, но во исто време, сметаат дека нашиот источен сосед не бара ништо повеќе од исполнување на тоа што веќе е прифатено.

-За нас ќе беше наивно да претпоставувавме дека уставните измени ќе бидат крајот на патот ан компромиси со Бугарија. Да беше тоа така, вториот протокол немаше да постои. Бугарија не инсистира на нешто повеќе од вториот протокол, но бара тој да примени и да се заврши. / Надежите дека Бугарија ќе замижи под притисок на другите земји –членки на вториот проток се покажаа како нетоќни и со тоа треба реално да се соочиме, но во исто време, не гледам дека Бугарија бара нови услови од тие што се во протоколот каде има заштитни механизми. Така што мислам дека треба да бидеме реални во проценката-- Петар Арсовски – Политички аналитичар .

Македонската претседателка во Софија беше придружувана од шефот на дипломатијата Муцунски кој од бугарската престолника повтори дека земјава очекува предвидливост на нејзиниот евроинтегративен пат. Неговата колешка Велислава Петрова Чамова пак, ден потоа за тамошните медиуми го повтори ставот дека уставните измени остануваа клучен услов, и додаде дека барањето на механизми за промена на преговарачката рамка на земјава е непродуктивно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер