Други спортовиМакедонија со убедлива победа над Албанија го започна настапот во Европската лигаМакедонската одбојкарска репрезентација со победа над Албанија го започна својот трет настап во Европската лига.На првиот од двата турнири од А групата, кој се игра во бугарскиот град Варна, репрезентацијата на Македонија со ја победи Албанија, 3:0 по сетови 25:17, 25:23 и 25:18. Најдобар во нашата селекција беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 15 поени. По оваа важна победа нашата селекција ја очекува следниот предизвик веќе утре кога за противник во истиот термин (15 часот) ќе ја има селекцијата на Данска, која попладнево ќе го игра мечот против Бугарија. Токму домаќинот Бугарија ќе биде противник на Македонија во последното 3.коло кое ќе игра во недела. Втор турнир во Скопје од 16 до 18 јуни, додека завршницата односно фајнал-форот ќе се одржи во Бугарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотитеГрчката противпожарна служба потврди дека се извлечени телата на пилотите чиј хеликоптер експлодираше и се урна по судирот со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење пожар во Грција. Пилотот бил Данец, а копилотот Грк, објави државниот сервис ERT. Со нивната смрт, вкупниот број на жртви од шумските пожари во Грција се искачи на пет, по смртта на тројца пожарникари на Крит и на Пелопонез минатата недела. ERT емитуваше снимка на која се гледа како роторот на едниот хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земјата. Двајца членови на екипажот од вториот хеликоптер го преживеале инцидентот откако пилотот успеал да изведе принудно слетување, објави медиумот. 🔴 Two Bell 214ST firefighting helicopters collided mid-air while battling a major forest fire in the Psatha area, west of Athens, Greece, triggering a search and rescue operation. ✈️ Aircraft involved: One helicopter was Bell 214ST N511EV (serial 28105, built in 1982), while… pic.twitter.com/Jwd3qpLAfj — FL360aero (@fl360aero) August 2, 2026 Хеликоптерите се судрија додека гаснеле пожар западно од Атина. Започната е голема операција за пребарување и спасување во областа близу селото Псата, соопшти противпожарната служба. Во меѓувреме, пламените јазици од огромен пожар, што беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширија до непосредна близина на градот Мегара, кој брои околу 36.000 жители. Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави ЕРТ. Стотици припадници на службите за итни интервенции, вклучително и пожарникари од Романија и Франција, се борат со големиот пожар што беснее околу густо пошумениот планински венец Китерон.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПродолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степениУправата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ХороскопДневен хороскоп за 3. август 2028 година Дневен хороскоп за понеделник, 3. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет. Кариера Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите. Здравје и совет Излезете на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво. Кариера Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо. Здравје и совет Забавувајте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација. Кариера Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив. Здравје и совет Мала кашлица. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Кариера Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат. Здравје и совет Конечно имате позитивен став. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа. Кариера При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени . Здравје и совет Немојте да бидете алчни . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Кариера Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно. Здравје и совет Посетете стоматолог. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина. Кариера Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден. Здравје и совет Разведрете ги другите со хумор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Кариера Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите. Здравје и совет Зголемена енергија. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални. Кариера Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир. Кариера Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате. Здравје и совет Поработете на методите за релаксација. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро. Кариера Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите. Здравје и совет Најдете пет минути за пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите. Кариера Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни. Здравје и совет Во секој случај, следува подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35