Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
1Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
РакометМакедонија со убедлив триумф против Грција го потврди учеството на СПСо две победи во баражот против Грција, репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман на Светското ракометно првенство што во 2015 година ќе се одржи во Катар. По 27:25 во Атина пред осум дена, вечерва резултатот беше 35:23.„Црвено-жолтите“ во СЦ „Борис Трајковски“ силно бодрени од шестилјадната публика почнаа многу мотивирано и по само десетина минути игра имаа плус седум, а некаде на половина од првите 30 минути разликата беше двоцифрена (13:3). Капитенот Кире Лазаров раководеше со нападот, реализираше и асистираше, а голманот Борко Ристовски со своите одбрани ги откажуваше противничките ракометари. Следуваше период на рамноправна игра. Селекторот Ивица Обрван им даде шанса на резервистите кои ја задржаа високата предност до полувремето (19:9). Во второто полувреме се играше атрактивно на двете страни, Македонија од минута во минута ја зголемуваше разликата. Нашите репрезентативци реализираа, Никола Митрески на голот достојно го замени Ристовски. Семафорот во 44.минута покажуваше 26:12 или до тој момент максимални плус 14. До крајот македонските ракометари одиграа рутинирано, ја задржаа високата предност и заедно со навивачите го прославија големиот успех – пласманот на уште едно големо натпреварување. Лазаров со 10 погодоци беше најефикасниот во нашата репрезентација. Гоце Георгиевски и Немања Прибак запишаа по четири реализации, Дејан Манасков и Ренато Вугринец погодија три пати. Од европската зона учество на Мундијалот 2015 вчера обезбедија репрезентациите на: Австрија, Русија, Чешка и Полска. Резултати на реваншите на денешните баражи: Шведска - Романија 27:21 (25:24 прв натпревар), Белорусија - Црна Гора 30:24 (27:28), Словенија - Унгарија 32:26 (22:25) и Исланд – Босна и Херцеговина 29:29 (32:33). Според овие резултати денеска, покрај Македонија, пласман во Катар обезбедија Шведска, Белорусија, Словенија и БиХ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната годинаСо почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава. Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали. Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете. Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година. Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛеао во Галатасарај? Клубовите постигнаа договор за висината на трансферот .Италијанскиот фудбалски великан Милан и турскиот гигант Галатасарај постигнаа усмен договор за условите за трансфер на португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао во турскиот клуб. Се очекува договорот да изнесува 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси со кои би се зголемила вкупната вредност. Преговорите продолжуваат денес. Конечната одлука зависи и од самиот играч. Интерес за него покажува и Астон Вила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЕвропаВидео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредениЕдно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс. „Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос. BREAKING: 2 people killed and 8 wounded in a car-ramming attack in Caen, France tonight. A man born in Russia, named Ibrahim I., deliberately drove a car into a group of people waiting at a bus stop. pic.twitter.com/0NhSkR3rtl — Visegrád 24 (@visegrad24) August 27, 2026 Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати. France under attack: a criminal rams a car into a crowd in Caen. Several dead and numerous injured. pic.twitter.com/cP6W4AoGBt — RadioGenoa (@RadioGenoa) August 27, 2026 Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter