Македонија со тројца борачи на Светското првенство во Узбекистан - Канал 5

Македонија со тројца борачи на Светското првенство во Узбекистан

Тројца македонски борачи ќе учествуваат на Светското првенство во борење што од 8 до 14 септември ќе се одржи во Ташкент, Узбекисатн. Македонија ќе ја претставуваат Дејан Митров и двајца дебитанти Јасин Реџалари и Бобан Данов.

Македонија со тројца борачи на Светското првенство во Узбекистан
Најискусен од „тројката“ е Митров кој ќе настапи во категоријата до 65 килограми.

- Подготовките минаа добро, во Самоков имавме извонрдени услови за работа и тренинг, каде беа присутни и други селекции со кои спарингувавме. Се разбира кога конкуренцијата е голема и формата е на повисоко ниво. Јас сум задоволен и очекувам висок пласман, изјави Митров на денешната прес-конференција.

Во рамките на подготовките, селекторот Љуљзим Вранези имаше соработка со Русинот Николај Корниев, па со оптимизам ги очекува настапите на македонските борачи.

- Борачите се подготвени да го дадат својот максимум во борбите, а воедно се надевам и на поволна жрепка. Со помош на Македонскиот олимписки комитет имавме квалитетни подготовки во Бугарија. Верувам во моите избраниции дека можат да го продолжат континуитетот на успеси во овој трофеен спорт, изјави Вранези.

Реџалари ќе настапи во категоријата до 61 килограм, додека Данов ќе се натпреварува во категоријата до 125 килограми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

Македонците во Мала Преспа го одбележаа големиот православен празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со богослужба во црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.

Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

Во древниот храм „Света Богородица“, кој потекнува од 1345 година, беше одржана свечена богослужба, продолжувајќи ја вековната традиција на одбележување на празникот на островот Мал Град.

На богослужбата, во чест на Рождеството на Пресвета Богородица, богослужеше митрополитот Корчански, Неговото Високо Преосвештенство Анастасиј, заедно со отец Алексо од Пустец и други свештеници од Корчанската митрополија.

На празничната богослужба присуствуваше и претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на верниците им посака здравје, мир и благосостојба.

Црквата „Света Богородица“ на Мал Град претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во Преспа. Сместена на островот Мал Град, во областа Мала Преспа, црквата датира од XIV век и претставува значаен споменик на средновековното македонско културно наследство во Преспанскиот регион.

Особено значаен е нејзиниот фрескоживопис, по кој храмот се издвојува меѓу пештерските и островските цркви распространети долж бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица има посебно значење и во традицијата на Македонците во Албанија. Голем број македонски семејства го одбележуваат како домашна слава, пренесувајќи ја традицијата од поколение на поколение.

Одбележувањето на празникот на Мал Град и годинава беше можност жителите на Преспа да ја продолжат вековната верска и културна традиција поврзана со овој значаен храм и со Преспанскиот крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови американски амбасадори во Србија и БиХ

Вашингтон испраќа нови амбасадори во Србија и во БиХ.

Нови американски амбасадори во Србија и БиХ

На сослушување во сенатскиот одбор Мајкл Јанг и Роналд Џонсон, кандидатите за нови амбасадори во Белград и Сараево, како свои приоритети ги претсавиле зајакнувањето на економските врски, на стабилноста на регионот како и сузбивањето на влијанијата на Русија и Кина на Западен Балкан.

Мајкл Јанг кој е поранешен претседател на универзитетот во Јута, пред сенаторите истакнал дека постои голем потенцијал за американските компании во Србија

Роналд Џонсон кој е кандидат за амбасадор на САД во БиХ, мегудругото ја потврдил американската посветеност на суверенитетот, територијалниот интегритет и мирот воспоставен со дејтонскиот мировен договор. Во контекс на регионалната безбедност тој најавил и заедничка соработка со партнерите за ограничување на малигното влијание на Русија и Кина на тој простор. Во јануари минатата годинаод Србија замина екс амбасадорот на САД Кристофер Хил а во февруари Мајкл Марфи од БиХ. Агелер замина од Македонија во декември 2025-та

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Надвор од контрола: „Gemini“ хакираше три компании

Моделот за вештачка интелигенција на „Google“, „Gemini“, пристапи до интернет и хакираше три компании за време на тест на неговите способности за сајбер-безбедност.

Надвор од контрола: „Gemini“ хакираше три компании

Ова е првиот познат случај во кој системот за вештачка интелигенција на компанијата самостојно извршил таква активност, објави Ројтерс. Хакирањата се случија во мај, за време на тест за сајбер-безбедност спроведен од „Irregular“, независна фирма за проценка на сајбер-безбедноста.

За време на стандардните процедури за тестирање, „Gemini“ пронајде јавно достапни информации на интернет и ги погоди акредитивите за пристап до три веб-страници кои беа дел од опсегот на тестот, изјави Хедер Адкинс, потпретседателка за безбедносно инженерство во „Google“.

„Се погриживме тие три организации да бидат известени и соработувавме со нашиот партнер за тестирање околу промените што тие сега ги имплементираа во своите процеси на тестирање“, рече Адкинс.

Портпарол на „Irregular“ изјави дека инцидентот вклучувал ист проблем што влијаел и врз други лаборатории за вештачка интелигенција и дека сите релевантни лаборатории биле известени кон крајот на јули.

Слични инциденти поврзани со „Irregular“ пријавија и „Meta“, „Anthropic“ и „OpenAI“, што покренува прашања за безбедносните механизми додека агентите со вештачка интелигенција добиваат поголема автономија и пристап до интернет и компјутерски системи.

Во еден случај, „Gemini“ погодуваше лозинки сè додека не доби пристап до заштитен систем. Во другите два случаи, моделот пронајде акредитиви за пристап во јавно достапно складиште, што му овозможи да пристапи до заштитени системи. Адкинс истакна дека во сите три случаи, моделот престанал со хакерската активност.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер