Други спортовиМакедонија со пет натпреварувачи на 22.Европски Фудокан шампионат Македонската репрезентација во традиционално карате ќе брои петмина натпреварувачи на 22.Европски Фудокан шампионат за сениори, јуниори, кадети и деца, што ќе се одржи од 27 до 30 март во Наполи, Италија. Нашите репрезентативци ќе земат учество во повеќе дисциплини во неколку возрасни категории. На европскиот шампионат ќе настапат следните репрезентативци: 1. Огнен Тасевски, 2. Мила Саздова, 3. Антонија Белазелкоска, 4. Јелена Дробниќ и 5. Матеј Јарчевски. Каратистите ќе бидат предводени од селекторот Венцислав Недев и тренерот Дејан Недев. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаДејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)Дејство на еден од авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко.На видеото се гледа дел од вчерашното воздухопловно дејство на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење - ликвидација, на пожарот во кавадаречко. Тагови: ДЗС ер трактор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на бесправна сеча и пожариОтсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. Денеска (05.08.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, беше реализирана превентивно - едукативна активност „Безбедно поминување на пешаците преку улица- бидете одговорни во сообраќајот“, во која на пешаците им беше потенцирано дека тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони и да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Отсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. При тоа, им беше укажувано почесто да прават паузи, затоа што заморот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи во летниот период и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Штип во Скопје, Берово, Штип и Кочани. Во рамки на превентивните активности беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип реализираа превентивни активности за спречување на пожари и бесправна сеча. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари, како и бесправната сеча се кривични дела, што соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температуриГрижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско лице, на најфреквентните локации, парковите и автобуските постојки низ општината делеа шишиња со ладна вода, со цел да им се олесни движењето на граѓаните кои имаат неодложни обврски на отворено. Истовремено, стручните лица даваат медицинска помош и совети, а по потреба се врши и транспорт на ранливите лица до нивната крајна дестинација. -Грижата за нашите жители, особено во вакви екстремни временски услови, е наш врвен приоритет. Свесни за опасностите што ги носат високите температури, преку проектот „Топлотен бран“ излеговме на терен за директно да им помогнеме на граѓаните кои мораат да бидат надвор од своите домови. Заедно со нашите докажани партнери од Црвениот крст, обезбедуваме вода за освежување, но и стручна медицинска поддршка и безбеден транспорт за оние на кои им е најпотребно. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките на здравствените институции, да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот и да се грижат за своето здравје-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook