КултураМакедонија со павиљон и уметнички настап на „Muse-X Expo Festival“ во ТиранаДржавниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“.Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”). Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцираше важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи уметници, продуценти и културни организации од Европа, регионот и пошироко. „Културата не е само наследство што го чуваме, туку жива сила што нè поврзува и нè движи напред – токму преку ваквите средби создаваме нови вредности, нови партнерства и заедничка иднина“, истакна Ѓоргова. Таа нагласи дека учеството на Република Македонија на овој значаен настан претставува можност за промоција на богатото културно наследство и современата уметничка сцена, како и за отворање нови перспективи за соработка во областа на креативните индустрии и иновациите. Ѓоргова го посети и македонскиот павиљон на експо фестивалот, каде своја презентација имаа уметници, претставници на фестивали, музички продукции, филмски уметници, занаетчии, туристички оператори и претставници на културниот сектор во земјата. Фестивалскиот дел започна со 40-минутен сценско-визуелен перформанс на истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и Камерниот оркестар „Профундис“, во соработка со оркестарот на Албанската радио-телевизија. Овој уникатен проект понуди современ аудиовизуелен концепт што ги спојува класичната музика, електронските елементи и визуелната уметност, претставувајќи силен уметнички вовед во македонското присуство на фестивалот, при што македонските уметници се претставија рамо до рамо со интернационални имиња од светската сцена. Поради значајното учество и придонес во промоцијата на културата, на Министерството за култура и туризам и на Македонскиот културен центар во Тирана организаторите на фестивалот им доделија специјално признание. Присуството на фестивалот во Тирана се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и претставува важен чекор за меѓународна промоција на македонската култура, отворање нови можности за соработка и поголема видливост на домашната уметничка сцена на регионално и европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забранаРусија ги повика Соединетите Држави да поддржат меѓународен договор за спречување на трката во вооружување во вселената, откако Вашингтон за првпат јавно потврди дека американската војска поседува оружје во Земјината орбита.Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената. „Сметаме дека сè уште не е доцна да се создаде средина што би спречила трка во вооружување, која носи зголемен ризик од отворен конфликт во вселената“, рече Рјабков. САД за првпат јавно потврдуваат дека имаат оружје во орбитата Руската реакција уследи по првата јавна потврда од американски воени претставници дека САД имаат распоредено оружје во орбитата. Командантот на Американските вселенски сили, Даглас Шис, изјави дека персоналот од тој воен огранок управува со оружје во орбитата способно да ги заштити американските сили од напади што доаѓаат од вселената. Американските претставници не открија за кои системи точно станува збор. Рјабков рече дека САД не ја известиле Русија однапред за овие капацитети, но дека објавата не претставувала изненадување за Москва. „Ова не е ништо ново за нас. Ние сè ова го следиме, го евидентираме и извлекуваме соодветни заклучоци“, рече тој. Москва ги обвинува САД и Британија за одолговлекување на договорот Рјабков тврди дека Русија долго време се залага за договор со кој би се спречила употребата на сила – или закана со употреба на сила – против објекти во вселената. Тој ги обвини САД и другите западни земји, особено Обединетото Кралство, дека со години наоѓаат причини за да избегнат преговори за таков договор. Од друга страна, американските претставници го претставуваат распоредувањето на своите вселенски системи како одговор на развојот на руските и кинеските антисателитски и други вселенски капацитети, како и како средство за одвраќање и одбрана на американските сили. Извор: Индекс.хрТагови: русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд. Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Двајцата говорници го поздравија стратешкото партнерство меѓу двете земји, истакнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот. Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, се заклучи на средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лицаНајмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП. Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините. Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата. At least 60 small-scale miners have died after shafts collapsed at the Al-Zaraa gold mine near El-Nahud in Sudan’s West Kordofan, with many more feared trapped under the rubble.#Sudan #MiningDisaster #GoldMine #WestKordofan #PakistanTV pic.twitter.com/aDfqO8V1Rp — Pakistan TV (@PakTVGlobal) September 16, 2026 Чести несреќи поради ниските стандарди Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди. Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица. Извор: Индекс.хрТагови: рудник Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook