1Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
2Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
ЕкономијаМакедонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во БерлинНа состанок на Германско-македонскиот заеднички економски управен комитет (JESCO) Македонија испрати јасна порака: енергетската трансформација не е план за иднината, туку процес што веќе дава резултати.На состанок на Германско-македонскиот заеднички економски управен комитет (JESCO), кој се одржа во Сојузното министерство за економски работи и енергетика на Сојузна Република Германија, Македонија испрати јасна порака: енергетската трансформација не е план за иднината, туку процес што веќе дава резултати. Во рамки на официјалната делегација, од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше државниот секретар Горан Јовановски, кој имаше свое обраќање во кое говореше за енергетската политика, декарбонизацијата, инвестицискиот развој и сигурноста на снабдувањето во Македонија. Во своето излагање, Јовановски потенцираше дека земјата спроведува одлучна енергетска политика заснована на два клучни приоритета – забрзана декарбонизација и сигурно, стабилно снабдување со енергија. Со донесувањето на новиот Закон за енергетика во мај 2025 година, државата воспостави модерен, транспарентен и целосно усогласен систем со европските стандарди, кој обезбедува предвидливост за инвеститорите и крај на пазарната неизвесност. „Државата повеќе не го следи пазарот – таа го креира неговиот правец,“ нагласи Јовановски, посочувајќи дека со воведувањето на системско планирање и годишни планови за нови енергетски капацитети и складирање, развојот станува координиран, предвидлив и стратешки насочен. Тој истакна дека веќе е во тек силен инвестициски циклус во обновливи извори и складирање на енергија, што резултира со зголемено домашно производство, намалена зависност од увоз и зајакната енергетска независност. Паралелно, се инвестира во модернизација на електроенергетската мрежа и развој на паметни и балансирачки капацитети како основа за зелена транзиција. Дополнително, новиот Закон за обновливи извори на енергија, кој е во завршна фаза, ќе овозможи побрза реализација на инвестициите преку поедноставени процедури и поголема транспарентност, со јасна цел – повеќе обновлива енергија, помалку фосилни горива и намалени емисии. Во рамки на дискусиите, беше потенцирана и важноста на Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030, кој содржи 61 конкретна мерка за декарбонизација, енергетска ефикасност, реформа на пазарот и зголемена безбедност на снабдувањето. Јовановски истакна дека енергетската сигурност останува врвен приоритет, преку диверзификација на изворите, нови интерконекции и засилена регионална интеграција, нагласувајќи дека „енергетската стабилност не е само економско, туку и прашање на национална безбедност“. Состанокот на ЈЕСКО, кој започна со работна сесија и размена на економски анализи и перспективи меѓу двете земји, овозможи директен дијалог со стопанските комори, бизнис-заедницата и експертските тимови, со фокус на инвестициската клима и заедничките стратешки приоритети. Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, со јасна ориентација кон целосно усогласување со ЕУ стандардите во енергетиката и климатските политики – преку конкретни реформи, транспарентна имплементација и мерливи резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКостадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со ЗаконодавецотПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер. Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности. Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот. „Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО) Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс. Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час. #IGR: Taiwan Shuts Down Ahead of Typhoon Champi's Arrival Almost all of Taiwan shut down on Friday as Typhoon Champi approached the island bringing strong winds and torrential rain. All 262 domestic flights and over 669 international and cross-strait flights were cancelled while schools, offices and shops closed across much of the island. The weakening storm is expected to pass just off northeastern Taiwan without making direct landfall. — India Global Review (@IGR_Media) October 23, 2026 Ветрови посилни од 150 километри на час Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште. Taiwan has suspended work and classes as Typhoon Champi, the strongest Pacific storm of the year, approaches. More than 1,000 people have been evacuated, hundreds of flights cancelled and forecasters warn that some mountainous areas near Taipei could receive up to one meter of rain. — TaiwanPlus News (@taiwanplusnews) October 23, 2026 Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови. Откажани се речиси илјада летови Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.Тагови: Тајван тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Леќата на МајаВо петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја ДуковаСостојки за денешниот рецепт: 1 чаша црвена леќа 4 моркови 1 пиперка 1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос) 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук мало парче свеж ѓумбир 1 коцка за супа 1 конзерва кокосово млеко 1 лажица масло сол, бибер, кари и др. зачини по избор малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter