Македонија со две контроли пред квалификациските дуели за ЕП - Канал 5

Македонија со две контроли пред квалификациските дуели за ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија од утре до четврток е домаќин на силниот меѓународен турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. 

Македонија со две контроли пред квалификациските дуели за ЕП

Покрај Македонија на турнирот ќе настапат репрезентациите на Швајцарија и на Бугарија, воедно овие две контроли ќе бидат последен тест пред двата натпревара од квалификациите за Европското првенство.

- Ова ќе биде една финална подготовка да видеме до каде сме со подготовките. Со Бугарија веќе одигравме два натпревара. Очекувам сега против Швајцарија и повторно Бугарија да биде уште подобро и се надевам дека здрави живи и ќе го трасираме патот за првиот дуел против Грција. Тактиката ќе се подготвува пред самиот натпревар. Сеуште не сме почнале со тоа, го чекаме нашиот статистичар, а потоа ќе почнеме тактички да се подготвуваме за да излеземе на мегдан 100% воиграни и со зад нас четири пријателски натпревари, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев на денешната прес конференција.

Турнирот „„Бранко Хаџииљоски – Чајка“, ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот за сите натпревари во салата ќе биде слободен.

Македонија утре игра против Швајцарија (почеток 17:45 часот), в среда е дуелот Швајцарија - Бугарија (почеток 19 часот) и последниот ден играат Македонија - Бугарија (четврток почеток 19 часот).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапо

Владата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапо

• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија.

• На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка.

• На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници.

За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра.

За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување.

Ова не е економска политика.

Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери.

Во исто време:

• Инфлацијата ги јаде платите и пензиите.

• Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон.

• Минималната плата остана замрзната.

• Потрошувачката кошница расте секој месец.

А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар:

Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач.

Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит.

Значи - повторно задолжување.

Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода.

А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари.

Долгот расте.

Цените растат.

Животниот стандард паѓа.

Оваа Влада нема економска стратегија.

Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсена

Четири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.

Четири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсена

Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз.

Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон.

Повредените се однесени во болница

Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот.

Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена.

Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер