Македонија со 12 каратисти на претстојното ЕП - Канал 5

Македонија со 12 каратисти на претстојното ЕП

Македонската карате репрезентација ќе брои 12 натпреварувачи на 50. јубилејно Европско првенство во карате што ќе се одржи во Истанбул, Турција од 27-29 март.

Македонија со 12 каратисти на претстојното ЕП
- Македонија ќе учествува со 12 натпреварувачи, 8 во машка и 4 во женска конкуренција, а ќе ја предводи нашиот најдобар каратист- Актуелниот Европскиот првак Емил Павлов.Тој е носител на стипендијата „Спортист од светска категорија, а негова желба е повторување на успехот од последниот континентален собир. Формата кај сите е на највисоко ниво,мотивацијата е огромна, изјави селекторот Петар Белистојановски.

Тој додаде дека подготовките во Охрид беа последен тест за подготвеноста на македонските репрезентативци.

Селекторот очекува добри настапи на македонските каратисти и достојно претставување на нашата земја на ова големо натпреварување.
Најавено е учество на 433 каратисти од 47 земји учеснички, што е најголем број досега. Интересот е огромен поради фактот што ова натпреварување претставува квалификација за првите Олимписки европски игри кои ќе се одржат во Баку-Азербејџан во Јуни годинава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Далиќ емотивен по елиминацијата: „Малите направија чудо двапати, сега не смеат“

Хрватската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство со пораз од Португалија (1:2) во осминафиналето, а селекторот Златко Далиќ не го криеше своето разочарување по елиминацијата.

Далиќ емотивен по елиминацијата: „Малите направија чудо двапати, сега не смеат“

На прес-конференцијата, тој беше видливо емотивен, истакнувајќи дека неговиот тим не заслужува таков епилог и дека одлуките на судијата оставиле горчлив впечаток.

„Прво, им честитам на Португалија и им посакувам многу среќа во остатокот од натпреварувањето. Планот за првото полувреме беше да ја зачуваме мрежата, но не сакавме да се браниме толку ниско. Успеавме да издржиме без да примиме гол. Во продолжението целосно ја презедовме контролата, создадовме многу шанси и мислам дека не го заслуживме овој резултат. Можам само да им честитам на моите играчи. На претходните две големи натпреварувања имавме малку среќа во одредени моменти“, рече Далиќ.

Тој беше особено незадоволен од судењето и од критериумите на судијата за време на натпреварот.

„Судењето беше многу лошо. Не ги добивме прекршоците или прекините што ги заслуживме. Сепак, Хрватска загуби и немаме право премногу да коментираме. Жал ми е“, изјави селекторот.

Најголемо внимание привлече неговата изјава за иднината на хрватската клупа, која за многумина звучеше како најава за негово заминување.

„Она што го постигнавме во изминатите години е неверојатно. Остваривме резултати што долго ќе се паметат и доживеавме многу убави моменти. Мислам дека дојде крајот на една ера. Време е за нови почетоци. Малите двапати направија чудо, но сега не смеат“, рече емотивниот Далиќ, без да потврди дали навистина ќе ја напушти селекторската функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“

Премиерот Мицкоски утринава се обрати на настанот„Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на канцеларијата на ОН.

Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“

Премиерот Мицкоски утринава се обрати на настанот„Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на канцеларијата на ОН во соработка со Стопанската комора и министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор

Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите.

Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“,  Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации.

Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се планира слично катче и на улица „Коста Веселинов“.

„Со уредувањето на овие јавни простори го враќаме препознатливиот дух на Дебар Маало. Создаваме современи и функционални места каде што соседите ќе можат да се среќаваат, да одморат и да поминуваат квалитетно време. Вложуваме во повеќе зеленило, урбана опрема и подобри услови за живот во секое маало“, вели Герасимовски.

Мини пјацетата на улица „Коле Неделковски“ , на површина од околку 100 квадратни метри, ќе биде поплочена со гранитни плочи во различни тонови со што ќе се добие визулена динамика на просторот, а ќе биде поставена и нова урбана опрема , клупа со метално-дрвена конструкција, корпи за отпадоци и држачи за велосипеди.

Проектот предвидува и хортикултурно уредување со ново зеленило, како и поставување современо осветлување што ќе придонесе за поголема безбедност и пријатен амбиент во вечерните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер