СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
1СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
3АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЕкономијаМакедонија се вклучува во проширувањето на Вертикалниот коридор кон Западен БалканМакедонија направи значаен чекор кон вклучување во проширениот Вертикален коридор. НОМАГАС АД Скопје, заедно со Transportgas Srbija, за првпат учествуваше во работните разговори на операторите на системите за пренос на природен гас.Македонија направи значаен чекор кон вклучување во проширениот Вертикален коридор. НОМАГАС АД Скопје, заедно со Transportgas Srbija, за првпат учествуваше во работните разговори на операторите на системите за пренос на природен гас, одржани на 10 јули во Атина, со што Западен Балкан се вклучува во понатамошниот развој на Иницијативата. Присуството на НОМАГАС на состанокот ја отвора можноста националниот гасен систем навремено да се вклучи во регионалното планирање на инфраструктурата и прекуграничните капацитети. Во разговорите учествуваа DESFA од Грција, Bulgartransgaz од Бугарија, Transgaz од Романија, Vestmoldtransgaz од Молдавија, FGSZ од Унгарија, EUSTREAM од Словачка и GTSOU од Украина, како и независните оператори Gastrade и ICGB. Компаниите беа претставени од нивните извршни директори и високи раководители. Во следната фаза ќе се разгледуваат расположливите капацитети на поврзаните системи, точките на интерконекција, планираните инфраструктурни проекти и роковите за нивна реализација. За таа цел, учесниците се договорија да формираат заедничка техничка и комерцијална работна група, која ќе ја координира техничката процена на проширувањето и ќе ја подготви измената и проширувањето на Меморандумот за разбирање. Овој чекор создава основа процесот да премине од координација кон конкретна подготовка за реализација. „Учеството на НОМАГАС во разговорите во рамките на Вертикалниот коридор е важен чекор кон вклучување на Македонија во пошироката регионална енергетска мрежа. За нас ова значи навремена координација на развојот на домашниот систем со интерконекторите кон Грција и Србија и создавање услови за пристап до повеќе извори и повеќе правци на снабдување. Проширувањето на Коридорот дополнително го зголемува значењето на националните инфраструктурни проекти за сигурноста, стабилноста и флексибилноста на снабдувањето со природен гас“, изјави Недим Рама, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје. Вертикалниот коридор се развива во интегрирана регионална платформа за енергетска соработка, а не претставува еден посебен гасовод. Тој ги поврзува постојните и новите национални системи, интерконектори, терминали и прекугранични точки, со цел да се зајакнат сигурноста на снабдувањето, диверзификацијата на изворите и транспортните правци, отпорноста на енергетската инфраструктура и интеграцијата на пазарите на гас во Југоисточна и Централна Европа, вклучително и во Западен Балкан. На дел од состанокот присуствуваа и министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, и министерката за енергетика на Република Бугарија, Ива Петрова. Тие ја изразија својата политичка поддршка за иницијативата и го поздравија вклучувањето на Македонија и на Србија во регионалната енергетска архитектура што се создава. За СМакедонија, проширувањето на Вертикалниот коридор е непосредно поврзано со развојот на интерконекторот со Грција и со подготовките за интерконекторот со Србија. Овие проекти треба да овозможат поврзување со поширок круг извори, снабдувачи и транспортни правци и да ја намалат зависноста од една влезна точка. Операторите ја потврдија својата посветеност да продолжат со тесна координација на техничко и оперативно ниво, со цел проширувањето на Вертикалниот коридор да се реализира навремено и да се зајакне неговата улога како сигурна и конкурентна енергетска артерија за Југоисточна и Централна Европа и за Западен Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook