Македонија се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот - Канал 5

Македонија се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот

Со реализација на неколку активности денеска Република Македонија го одбележува 6 Април – Меѓународниот ден на спортот. Годинава одбележувањето на овој голем ден доби и социјална димензија при што во организацијата беа вклучени и дечињата од „Домот за деца без родители 11 Октомври“.

Македонија се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески заедно со македонските спортски легенди Индира Кастратовиќ, Игор Стефановски-Иџе, Благоја Георгиевски-Буштур, Атанас Николовски и Вели Мумин, ги посетија се дружеа со децата од Домот. Потоа во спортската сала „Македонски Херои дечињата практикуваа традиционални игри и спортови. Се одржа и ревијален фудбалски натпревар помеѓу студентите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и децата од Домот.

- Тоа беше и нашата цел, одбележувањето на денот на спортот да има и социјална димензија преку спортување, дружење и играње да се зајакне социјалната инклузија во македонскиот образовен и спортски систем на децата без родители, и да се мотивираат и охрабрат дека еден ден и тие може да станат студенти или професионални спортисти и да ги остварат своите соништа. Општо познато е дека спортот има моќ да сплотува, да го гради принципот на почит кон противникот и фер играта, принципи кои особено денес им се најмногу потребни на сите чинители во нашето општество, изјави Спасески.

Тој од денешниот настан упати порака кон најмладите редовно да се занимаваат со спорт, за како што рече, да имаат правилен физички, ментален, психолошки и социјален развој.

Во таа насока се и активностите на Владата и Агенцијата за млади и спорт.

- Владата во делот на капиталните инвестиции во спортот во изминатите неколку години, несомнено се заокружува еден концепт на создавање здрава нација и одлична превентива за младите во борбата против пороците на модерното живеење. Токму во таа насока се и проектите за изградба на 50 фудбалски игралишта, 180 спортски сали преку АМС и МОН, 100 повеќенаменски игралишта и 120 тениски терени, како и поддршката која ја дава државата на младите и талентирани спортисти преку стипендиите, потенцира директорот на АМС.

Со резолуцијата на Генералното собрание на Обединети Нации, 6 Април е прогласен за Меѓународен ден на спортот и мирот. По тој повод, целото олимписко и спортско семејство, глобално, за прв пат во историјата го посветува овој ден на Спортот за развој и мир и насекаде во светот се организираат спортски, културни и уметнички манифестации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати

Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати-Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм.

Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати

Дан Лаустсен и Џаф Кроневет, двајцата лауреати на наградата Специјална Златна камера 300 за животно дело и за особен придонес во филмската уметност, денеска беа на првата прес конференција на 47. ИФФК „Браќа Манаки“.

Лаустсен говореше за соработката со Дел Торо и истакна дека ако се наврати на првиот филм кој го работеле заедно и е снимен дигитално, принципот на работа му се чинел дека е многу сличен како тој што е на филм.

-Вистина е дека може да го смените во постпродукција, ќе пипнете две три копчиња и ќе добиете нешто сосема поинакво, но во случајов толку беа избрани сите бои во сценографијата, костимите, на сетот се работеше многу однапред и не сакавме ништо да менуваме и да доловиме се онака како што било додека се работело на филмот. Во „Уличка на кошмарите“ го направивме тоа, ја сменивме палетата на бојата, но тоа не ни се допадна и затоа се вративме на стариот принцип на работа, рече Лаустсен.

Работел во САД и во Европа и рече дека го има истото искуство и дека најмногу зависи од буџетот на филмот колкава екипа ќе имате во тимот камера.

-Во САД може да имате огромен буџет за филм, но мојот пристап е ист сакам да се работи со едно осветлување, со една камера затоа што така имате поголема контрола врз креативниот процес, рече Лаустсен.

Кроневет работи со Дејвид Финчер долги години и рече дека Финчер е режисер од „старата школа“ и сака голем дел од работата пред снимањето на филмот да биде завршена.

-Со него многу работиме однапред, многу ги разгледуваме сите можности, референци и доаѓаме до решение кое ни одговара нам. Се трудиме да ги пробиеме сопствените граници, тој сака да експериментира, ги користи сите технолошки иновации кои ни се достапни, рече Кроненвет.

Тој посочи дека е убаво да се снима на филмска лента затоа што тогаш има една гледна точка и на режисерот и на кинематограферот и тогаш можете полесно да ја доловите, а кога се снима дигитално се добива некаков разногласие, рече Кроненвет.

-Не се плашам да снимам на филмска лента затоа што не се плашам дека утрото ќе ми се јават од лабораторијата и ќе ми кажат дека се уништило тоа што се снимало. Филмот „Социјална мрежа“ со Финчер го снимавме дигитално и многумина не беа сигурни дали навистина филмот е снимен доготално и тоа за нас беше комплимент, рече Кроненвет.

Добитникот на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува ДФРМ, Петар Арсовски кој проговори за значењето на наградата и за своите искуства на снимањето на филмовите во минатото, соработката со кинематограферите, режисерите и останатите колеги.

-Наградата на ДФРМ за мене е посебна затоа што ја добивам од моите мнгу драги и строги критичари. Сум работел и со странци и со филмски работници од регионот и сметам дека македонските филмски работници не заостануваат во ништо, рече Арсовски.

Посочи дека покрај со режисерот мора да има соработка како актер и со кинематограферот бидејќи тој е оној што забележува се што ќе одигра актерот.

-Соработката меѓу кинематограферот и мене секогаш давала чудесни резултати бидејќи тие не се само сниматели тие се автори кои имаат безброј начини како ќе го пренесат актерот. И затоа сојузот со кинематограферот е најважен, рече Арсовски и подвлече дека сега начинот на снимање е сменет, но посветеноста не е различна.

Посочи дека македонската кинематографија е рамо до рамо со европската и светската кинематографија.

-Сега се појавија некои млади нови имиња кои добиваат награди на фестивали во светот и во регионот, еве и синоќа филмот на Дина Дума ми се допадна и среќен сум поради тоа и слободно можам копачките да ги закачам на ѕид и да уживам во тоа што тие го прават, рече Арсовски.

47. ИФФК „Браќа Манаки“ го отвори македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Денеска на прес конференција беше тимот на филмот и посочија дека од самиот почеток биле сигурни дека убаво ќе тече соработката.

-Разговаравме за главниот лик и како да го пренесеме животот во Шутка, а тој никогаш не бил тука и затоа дојде, пиеше кафе со моите пријатели и се она што го виде во припремите се најде во филмот. Двете актерки не се професионални актерки, па импровизиравме, не се држевме многу до сценариото...на пример сцената со огледалцето, девојчињата вистински си играа со огледалцето и двајцата сфативме дека тое многу пореално од она што ја го имав напишано и затоа ја снимивме сцената, рече режисерката Дума и посочи дека воопшто не му било проблем да се снима во многу мали простори.

Фредерик Нуаром е кинематографер на филмот и рече дека било лесно да одлучи да ја снима од рака главната протагонистка.

-Ова сценарио не трпеше никакви лаги, бараше целосна транспарентност, а одлуката да ја снимаме главната протагонистка од рака дојде на самиот почеток бидејќи Лабина бараше да направан подолги кадри каде таа се движи со скејтборд, рече Нуаром.

Лабина Митевска е продуцент на филмот и рече дека ова било прекрасен процес иако прв пат соработувала со Дина Дума.

-Ме фасцинираше приказната и самиот факт што таа пристапи на сосема друг начин-сакаше да прикаже силни жени, сакаше класична музика во филмот...се беше спротивно на оние стереотипи кои ги знаеме досега за филмови кои се снимале за ромската популација, рече Митевска.

Актерките посочија дека темата е мошне деликатна и дека најчесто се зборува за ромската популација а не со ромската популација.

-Кога самата заедница ќе ја ставите да зборува за тоа добивате ваков филм. Овие прашања треба да се отвораат, Дина направи феминистички филм, покажува силни жени и се трудевме да не биде стереотипен филм, беше речено на денешната конференција.

На карајот на делот посветен за прес конференции денеска беа претставени членовите на жиријата во главната селекција, документарната селекција и жирито од кратката селекција. Тие во поглед на одлучувањето посочија дека секако ќе обрнат внимание на работата на кинематограферите, но и на приказната.

-Она што ќе го бараме е дали постои вистинска рамнотежа помеѓу раскажувањето на приказната и визуелните аспекти затоа што во идеални услови камерата би требало да ја надополнува приказната, а не да ја надмине, и тоа се гледа во првите 10 минути кога се гледа односот помеѓу режисерот и кинематограферот, рече Воли Фистер, кинематографер кој минатат година ја доби наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската дејност, а годинава е дел од жирито кое ќе одлучува за филмовите во главната селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нападнат Петер Маѓар! Обезбедувањето веднаш реагирало

Унгарскиот премиер Петер Маѓар бил полиен со вино за време на настанот „Денови на бербата во Сексард“, а целиот инцидент е снимен. 

Видео: Нападнат Петер Маѓар! Обезбедувањето веднаш реагирало

Видеото потоа е објавено од самиот Маѓар на неговата Фејсбук-страница, со коментар дека „штета е за доброто вино од Сексард“.

Патувајќи од Печ, Петер Маѓар застанал во Сексард на покана на локалните жители. Додека чекал храна на еден од штандовите, еден маж му пришол и ја истурил содржината на чашата врз него, пренесува „24HU“. Обезбедувањето веднаш реагирало и го отстранило мажот од местото на настанот.

На видеото се гледа како припадник на обезбедувањето го оддалечува од просторот каде што се одржувал настанот.

„Еден неуспешен борец за Орбан се напи за да собере храброст“, напиша Унгарецот, додавајќи дека, според него, на човекот му пречело тоа што присутните добро се забавувале, како и фактот што тој разговарал и се фотографирал со голем број луѓе.

„Сепак, немаше доволно храброст да ми пријде и евентуално да ме погледне во очи“, рече Унгарецот. Тој додаде дека му е жал за истуреното вино. „Штета за доброто вино од Сексард“, рече унгарскиот премиер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без победник на „Артемио Франки“: Прво реми во сезоната и за Фиорентина и Наполи

 Фудбалерите на Фиорентина и Наполи одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од петтото коло на Серија А.

Без победник на „Артемио Франки“: Прво реми во сезоната и за Фиорентина и Наполи

Фиорентина многу подобро го започна натпреварот на стадионот „Артемио Франки“ и уште во првите 20 минути двапати ја погоди рамката на голот.

Најпрво, Артур Ата ја погоди стативата откако изврши притисок врз Рафа Марин, а потоа Никола Фајоли со силен удар од далечина го принуди Вања Милинковиќ-Савиќ да интервенира и да ја пренасочи топката во пречката. Наполи набрзо возврати. Матијас Оливера со глава ја погоди стативата по една одбиена топка, а потоа Давид де Хеа со одлична реакција го одбрани неговиот нов обид.

Сепак, Фиорентина не успеа да го издржи притисокот. По корнерот на Матео Политано, Били Гилмор незабележано влезе во шеснаесетникот и го совлада Де Хеа со прецизен волеј-удар.

Тоа беше првиот гол на шкотскиот играч за врска во Серија А по речиси една година и му донесе водство на Наполи на полувремето – првпат оваа сезона тимот на Масимилијано Алегри замина на пауза со предност.

Сепак, домаќинот многу брзо возврати. Само шест минути по почетокот на второто полувреме, Алекс Хименез шутираше од далечина; топката го закачи Марин, го промени правецот и заврши зад грбот на Милинковиќ-Савиќ.

По израмнувањето, Фиорентина се обиде целосно да го сврти резултатот во своја полза, но Милинковиќ-Савиќ го одбрани силниот удар на Виктор Валдепењас. На крајот, Наполи тргна по победничкиот гол, но Де Хеа повторно се истакна.

Шпанскиот голман интервенираше во клучните моменти и ги сопре обидите на Давид Нерес и Костантино Фавасули. Така, Наполи мораше да се задоволи со еден бод и сега се наоѓа на деветтото место на табелата со две победи од пет натпревари.

Фиорентина е на 16-тото место; тимот сè уште нема победа на домашен терен оваа сезона и веќе има примено 12 гола, што е втор најлош учинок во лигата (израмнет со уште еден тим). Ова беше и првото реми меѓу Наполи и Фиорентина во новата сезона на Серија А.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер