МакедонијаМакедонија се подготвува за дигитализација на ПописотСледниот попис на населението се планира за 2030 или 31 година, и очекувањата на владата се тој целосно да се спроведе електронски..Министерот Стефан Андоновски очекува на следниот попис да нема нерагуларностите како на пописот во 2021 година, кога вели андоновски се попишуваа и лица кои живеат во странство и не се резиденти на државата.. . -Имаме време од денес до рокот кога што треба да се спроведе тој попис, да ги тестираме фазите, секако под водство на Државниот завод за статистика, и сме сигурни дека во моментот кога ќе дојде пописот, ќе им веруваме и на резултатите и на методологијата врз основа на која што тој ќе биде направен. Голем дел од активностите не беа извршени на вистинскиот и правилен начин според методологијата. Се случуваше да има пакети со пасоши кои се попишуваа како да се луѓе, нешто што не смееме да го дозволиме на следниот попис,- - Стефан Андоновски- министер. Министерот Андоновски заедно со директорот на Државниот завод за статистика. Дејан Станков промовираа три нови дигитални услуги кои се однесуваат на високото образование, со што се комплетира пакетот електронски услуги наменети за оваа област. Со нивното воведување, институциите и високообразовните установи ќе можат електронски да ги пополнуваат и доставуваат потребните податоци, без дополнителни административни процедури и со значително заштедено време. На овој начин, како што псочија, и Државниот завод за статистика ќе може побрзо да ги собира и обработува потребните информации. Во наредниот период се очекува на порталот На статистика да бидат воведени и дополнителни електронски услуги поврзани со високото образование, меѓу кои и услуги за евиденција на новозапишани студенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност08:20Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалНов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот. Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра. Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра). Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност08:20Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачињаГодинава ќе има околу 3.000 помалку првачиња од лани, соопшти ЈаневскаВо новата учебна година ќе има над 3.000 првачиња помалку во однос на лани, што е намалување за околу 20 проценти. Овие шокантни податоци ги соопшти министерската за образование Весна Јаневска на прес-конференцијата за резултатите од полагањето на државната матура...Тагови: Весна Јаневска МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивилиВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили. Кралството предупреди на координирани напади од страна на Хутите и ирачките милиции поддржани од Иран.Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, утринава изјави дека во нападот во јужната покраина Наџран се повредени седум Саудијци, еден Јеменец, двајца Египќани и еден пакистански државјанин.меѓу жртвите е и четиригодишно дете кое претрпе изгореници од втор степен. 11 injured as Houthi DRONE strikes Najran region, Saudi Arabia — reports pic.twitter.com/mTga5FPYH0 — Forbidden News (@NewsForbiddenX) August 7, 2026 Тој ги обвини Хутите кои се сојузници на Иран, за неселективно гранатирање на цивилни области, кршејќи го меѓународното хуманитарно право и рече дека коалицијата ќе продолжи да презема сите потребни мерки за заштита на цивилите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter