Македонија се пласираше на СП(У21) во Алжир - Канал 5

Македонија се пласираше на СП(У21) во Алжир

Младата ракометна репрезентација на Македонија (У21) попладнево ја победи соодветната селекција на Турција со огромни 20 голови разлика и се пласираше на СП(У21) во Алжир, како прво пласирана во групата што се играше во Скопје завршувајќи пред Поругалија само поради подобрата гол разлика.

Македонија се пласираше на СП(У21) во Алжир
Нашите млади ракометари после вчерашниот кикс со Португалија денеска мораа да победат со најмалку 19 голови разлика и успеаја во намерата. Тие ја совладаа Турција со 39:19, полувреме 22:13.

Шилегов беше прв стрелец со десет гола, пред Талески со девет, додека на голот Даниловски имаше 13 успешни интервенции. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордна заплена во Австралија: Во подземни бункери откриени 2,7 тони кокаин

Австралиската полиција ја спроведе најголемата заплена на кокаин во историјата на земјата, откако во систем на подземни бункери во Сиднеј пронајде 2,7 тони од оваа дрога, соопштија властите.

Рекордна заплена во Австралија: Во подземни бункери откриени 2,7 тони кокаин

Кокаинот, чија улична вредност се проценува на 816 милиони австралиски долари, односно околу 500 милиони евра, бил откриен во петокот на имот во западниот дел на Сиднеј.

Според полицијата, дрогата била скриена во специјално изработени прегради под лажни подови во три бродски контејнери. На местото биле уапсени двајца мажи на возраст од 21 и 25 години, кои, според наводите, се обиделе да побегнат при апсењето. Тие се обвинети за поседување нелегално увезена дрога, а доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува доживотна затворска казна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија, се согласиле за патоказ кон конечен договор

Првата рунда преговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши утрово со добар напредок во разговорите, соопштија посредниците, Катар и Пакистан.

САД и Иран ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија, се согласиле за патоказ кон конечен договор

Во заедничката изјава, по 18 часовните преговори во Швајцарија, се вели дека САД и Иран се согласиле на план за постигнување конечен договор во рок од 60 дена, а дека техничките разговори меѓу пониско рангираните функционери продолжуваат до крајот на неделата. Во соопштението се вели дека двете страни се согласиле да воспостават комуникациска линија за да се избегнат инциденти во Ормутскиот теснец, а дека на врвот на агендата е ставање крај на воените дејствија меѓу Израел и Хезболах, кои со денови го загрозуваат мировното решение. Оптимизмот во преговорите ја симнаа цената на нафтата од типот брент на 77 долари за барел, со што практично се добилижи до цената на нафтата пред почетокот на војната која тогаш изнесуваше 72 долари..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жештините го зголемија бројот на колапси и мозочни удари

Најголем ризик од мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, покачен холестерол, прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, како и пушачите и повозрасните лица

Жештините го зголемија бројот на колапси и мозочни удари

Чекале автобус на автобуска постојка откако на пазарче испазариле овошје и зеленчук, но колабирале и со брза помош биле пренесени на Неврологија. Ова им се случило на неколкумина граѓани во последните 24 часа, кои се само дел од вкупно педесетина луѓе кои завршиле на ургентно одделение поради сериозни симтоми, дел и со мозочен удар, потврдуваат од Клиниката за неврологија. Зголемиот број на колапси и мозочни удари се должи на нездравиот начин на живот, а ризикот за луѓето кои се повозрасни и имаат хронични болести е доста поголем поради топлото време кое генерално влијае на општото здравје на сите, вели за Канал 5 Проф. д-р Иван Барбов, специјалист невролог.

-Кога е жешко, организмот почнува да се обидува да се лади, настанува ширење на крвните садови на кожата, а поради ова, крвниот притисок паѓа. Кај сите пациенти кои имаат нормален или низок крвен притисок, тој уште повеќе се намалува. Кај пациентите со хронични заболувања кои имаат и покачен или висок притисок, жешкото време понекогаш кај нив предизвикува парадоксална реакција, покачување на притисокот, меѓутоа поопасни се ситуациите со намалување на крвиот притисок поради што пациентите знаат често да колабираат. Овој период мозочните удари ги имаме во поголем број од вообичаено навистина, сега бројот е зголемен бидејќи жешкото време делува и на другите хронични болести.- Проф. Д-р Иван Барбов - специјалист невролог

И од службата за Итна медицинска помош бележат зголемен број на повици и во последното деноноќие имале 80 случаи, голем дел колапси и сообраќајки. Оттаму апелираат до граѓаните - кога ќе почуствувате жед веќе е доцна за спречување на дехидратација, затоа препораката е да се пие вода и кога не сте жедни.

Најголем ризик од мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, покачен холестерол, прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, како и пушачите и повозрасните лица. Иако ризикот расте со возраста, мозочните удари сè почесто се регистрираат и кај помладата популација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер