Македонија се пласира на Светско првенство во ракомет - Канал 5

Македонија се пласира на Светско првенство во ракомет

Македонија повторно се пласира на Светско првенство во ракомет. Нашата репрезентација вечерва беше подобра во двомечот со Словачка.

Македонија се пласира на Светско првенство во ракомет

Нашите ракометари извојуваа победа со резултат 38-23 (18-11).

Салата Борис Трајковски беше преполна со жолто-цврени знамиња, нашиот тим ги оправда очекувањата на нашите навивачи. Победата заврши со славеничка еуфорија. За пласманот на светското првенство 2027 во Германија се изборија 32 репрезентации, а Македонија е меѓу нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: На сите ученици им посакувам успешна училишна година

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по повод првиот училишен ден.

Мицкоски: На сите ученици им посакувам успешна училишна година

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски присуствува на пуштање во употреба на доградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се два пожари во Сарај и штипскиот регион

Два пожари се се уште активни, четири се ставени под конторла, 20 се целосно изгаснати, објаснуваат од Центарот за управување со кризи.

Активни се два пожари во Сарај и штипскиот регион

Активен пожар има на просторот меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај. Пожар има и во штипскиот регион, на потегот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што гори ниска вегетација. Четири пожари се под контрола. Во Македонски Брод, во близина на селата Битово, Заград и Страјане, пожарот зафатил нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Под контрола е и пожарот на градската депонија „Острец“ во Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преку Министерството за финансии ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје – инвестиција од 92,7 милиони денари

Започнува реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје.

Преку Министерството за финансии ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје – инвестиција од 92,7 милиони денари

Започнува реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје, инвестиција вредна 92,7 милиони денари без ДДВ, со која ќе се подобрат условите за пациентите и медицинскиот персонал и значително ќе се зголеми енергетската ефикасност на објектите.

Потпишан е Договор за грант помеѓу Министерство за финансии и Министерство за здравство за реализација на под-проектот „Реконструкција на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје со мерки за енергетска ефикасност“, кој ќе се реализира преку Проектната единица при Министерството за финансии, со грант средства обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, како и со инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Овие активности се дел од Компонентата 1б од Проектот, која опфаќа реконструкција со мерки за енергетска ефикасност на објекти на централната власт и јавни здравствени установи.

Реконструкцијата ќе опфати осум меѓусебно поврзани објекти, со вкупна грејна површина од 7.247 квадратни метри.

Со инвестицијата Клиниката ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри и пофункционални услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој, третман и лекување на пациентите.

Предвидените градежни активности опфаќаат поставување термичка изолација на фасадите и кровните конструкции, замена на постојната дотраена столарија со нова енергетски ефикасна столарија, санација на делови од објектите и санитарните јазли, како и замена на постојното осветлување со современи енергетски ефикасни LED-системи.

Во рамките на реконструкцијата ќе се модернизираат и системите за греење и ладење преку инсталирање високоефикасни топлински пумпи и вентилаторски конвектори. Со тоа ќе се замени досегашниот систем за загревање на мазут, што ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за функционирање на установата и намалување на негативното влијание врз животната средина.

Со реализацијата на проектот се очекува значително подобрување на енергетските карактеристики на клиниката, но и создавање посовремена, пофункционална и поквалитетна здравствена средина за пациентите и медицинскиот персонал.

Реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје претставува уште една значајна инвестиција во модернизацијата на јавната здравствена инфраструктура и е дел од пошироките активности за унапредување на енергетската ефикасност на јавните објекти, поефикасно користење на јавните средства и обезбедување поквалитетни јавни услуги за граѓаните.

Со почит

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер