Македонија првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз - Канал 5

Македонија првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз

Македонското книжевно творештво годинава ќе биде претставено на три саемски манифестации, на саемот на книгата во Франкфурт, Истанбул и првпат на меѓународниот саем на книгата во Париз, кој од 17 до 19 март се одржува во Салонот на книгата во оваа метропола. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Македонија првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз
На саемот на книгата во Париз учествуваат повеќе од 1.200 издавачи, претставници на 50 држави од Европа и светот и над 4.500 автори. Саемот е едно од најзначајните средишта за претставување на издавачката индустрија од целиот свет.

- Присуството на Република Македонија на оваа манифестација, која има веќе 35-годишна традиција е од исклучителна важност за презентација и промоција на македонската литература, македонските автори и издавачи во меѓународни рамки. Последните години сме сведоци на една поинтензивна промоција на делата на македонските автори на француски јазик. Токму преку конкурсот за странските издавачи, неодамна на француски јазик е преведен романот „Вештица“ од Венко Андоновски, како и одбраните драми од Јордан Плевнеш, рече Канческа-Милевска.

На Меѓународниот саем на книгата во Париз, на македонскиот штанд, преку комесарите - издавачките куќи „Три“, „Арс Ламина“ и „Култура“ ќе бидат претставени над 400 вредни книги на македонски автори, монографии и публикации на повеќе издавачи и на повеќе институции од Република Македонија, кои го презентираат нашето богато културно наследство, македонската традиција, историја, уметност, култура и туристичките потенцијали.

- Пред посетителите ќе биде претставена и капиталната едиција „Превод на 135 тома македонска книжевност на англиски јазик“ и Антологијата на македонската книжевност во шест тома, објавена на француски јазик во издание на НУБ „Св. Климент Охридски“. Во фокусот на целото претставување ќе биде македонското творештво, рече Канческа-Милевска.

На македонскиот ден, на 18 март, пред публиката во Париз ќе биде организирана трибина „Македонија како книжевна и духовна дестинација на Европа“. На трибината ќе присуствуваат авторите Луан Старова, Јордан Плевнеш, Владимир Мартиновски и професорот на универзитетот Сорбона Фабрис Д’алмеида. Ќе има и претставници од реномирани книжевни институции, како интернационалниот поетски фестивал „Пролет на поетите“, кој секоја година се одржува во Париз, поетското биенале на Франција, познати француски поети, издавачи, новинари, претставници од францускиот ПЕН центар. На 18 март ќе се одржи и поетско читање „Македонија, светски центар на поезијата“ на кое учесници ќе бидат Владимир Мартиновски, Никола Маџиров и други автори од Република Франција.

- Во насока на покомлексно претставување на македонската литература подготвен е и еден обемен каталог „Средби на писмата/ културите“, во кој на француски јазик се прикажани македонските книжевни вредности. Каталогот, чии уредници се проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер и проф. д-р Владимир Мартиновски, е конципиран и замислен како место на средби меѓу различни книжевни писма, поетики и пристапи на автори во сферата на прозното, поетското и драмското творештво, рече Канческа-Милевска.

Во него, како што рече, се застапени некои од најзначајните современи македонски раскажувачи: македонските поети, а последниот дел од каталогот е посветен на драмското творештво на Република Македонија, со селекција на сегменти од авторските дела на еминентните македонски драматурзи.

- Претставувањето на нашата држава на овие саеми на книгата ќе има големи придобивки во контекст на промоцијата на македонската литература и издаваштво во странство. Издавачката и литературната дејност, како и досега и во иднина ќе бидат врвен приоритет на Министерството за култура бидејќи само на овој начин ќе ги постигнеме посакуваните ефекти, да го збогатиме целокупниот книжевен амбиент кај нас и да обезбедиме уште поголемо присуство и видливост на македонските автори во светот, рече Канческа-Милевска.

Бојан Саздов, главен уредник од издавачката куќа „Три“ информира дека минатите години повеќе македонски автори добија свои француски изданија, меѓу кои Луан Старова, со седум изданија, Гоце Смилевски, Венко Андоновски, Владимир Мартиновски, Влада Урошевиќ...

Тој додаде дека во Каталогот се застапени 32 автори, со биографии и кратко претставување на своето творештво. Според него, Каталогот е наменски и ќе помогне во комуникацијата со издавачките куќи, со агентите и со сите заинтересирани посетители на саемот.

Дарко Фидановски, косопственик на издавачката куќа „Арс ламина“, истакна дека на саемот ќе дистрибуираат и листа на македонски издавачи со нивни најзначајни изданија кои би се понудиле за превод на француски јазик.

- Ќе го понудиме и она што не е преведено во моментов на француски јазик, со мали извадоци од содржината на тие дела. Нашата издавачка куќа ќе се претстави со повеќе комерцијални детски производи, а од другите издавачки куќи ќе има доста нова белетристика, рече Фидановски.

Додаде дека првпат ќе бидеме претставени како Македонска асоцијација на издавачи, ново здружување на издавачите во Република Македонија, кое, како што рече, ќе придонесе за многу поактивна промоција на македонското издаваштво во светот и здружување со сите други издавачки асоцијации низ светот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијата

Најплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. 

Сега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијата

Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација.

„По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата.

Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо.

Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра.

Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус.

Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проекти

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.

Николоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проекти

На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Рецептот на Боки

Во четврток (24.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојан Илиевски.

„Гответе со Дракче“ - Рецептот на Боки

Состојки за денешниот рецепт:

3 парчиња пилешки стек

350 гр. доматно пире

250 гр. кашкавал

малку оригано

масло

сол, сув зачин и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер