МакедонијаМакедонија прв ден живее во кризна состојба на целата територија Македонија од денеска живее со прогласена 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата.По воведувањето се очекуваат првите одлуки на главниот Kризен штаб во насока на спречување на ширење на вирусот и менаџирање на сите достапни капацитети за лекување на болните. Кризната состојба се прогласува во моменти кога во државното здравство има се помалку кревети за болните од ковид, каква е денешната состојба со капацитетите и има ли веќе појаснување како приватните болници ќе се вклучат во лекувањето. Пред Центарот за управување со кризи од каде се очекуваат одлуките е Мирјана Мирчевска Јовановиќ . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОрмутскиот теснец е повторно затворен- се огласи Техеран Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец повторно е затворен, објави оперативниот штаб на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) Хатам-ал-Анбија.Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец повторно е затворен, објави оперативниот штаб на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) Хатам-ал-Анбија, објаснувајќи дека одлуката е донесена поради продолжувањето на израелските напади врз Либан. Во соопштението се наведува дека одлуката повторно да се затвори Ормутскиот теснец е донесена поради „влошувањето на безбедносната состојба во регионот“, со оглед на очигледното кршење на ветувањата на Вашингтон и неспроведувањето на првиот став од Меморандумот за разбирање за прекин на војната, кој повикува на прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и Либан, пренесува новинската агенција Тасним. Се укажува на „континуираното и континуирано“ кршење на прекинот на огнот од страна на Израел во јужен Либан и „безмилосното убивање и раселување на стотици илјади угнетени луѓе од таа земја“, но и на фактот дека израелските сили не се повлекле од територијата на јужен Либан. Се нагласува дека поради сето ова, Ормутскиот теснец ќе биде затворен за бродски сообраќај и се забележува дека ова е „првиот чекор како одговор на кршењето на ветувањата од страна на непријателот“. „Доколку агресијата продолжи, ќе бидат испланирани и преземени понатамошни чекори за да се принуди непријателот да ги исполни своите обврски“, се заклучува во соопштението. Неименуван американски функционер вчера изјави дека Израел и Хезболах се согласиле на прекин на огнот што треба да започне во 16 часот по израелско локално време, по интензивните израелски напади врз јужен Либан во кои загинаа 47 лица. Израелската војска (ИДФ) потврди дека прекинот на огнот е на сила. Најмалку 12 лица беа убиени во нападите на израелската војска врз цели низ Либан утрово, објавија денеска либанските медиуми.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најжестоко досега ја нападна Мелони: Сака повторно да бидеме пријатели- не, благодарам Американскиот претседател Доналд Трамп, во нова објава на својата социјална мрежа Truth Social, ја критикуваше италијанската премиерка Џорџија Мелони.Трамп изнесе обвинувања за однесувањето на италијанската премиерка за време на претходните состаноци, но и за воените и логистичките одлуки во Рим кои, според него, им наштетиле на американските интереси. „Италијанската премиерка Џорџија Мелони постојано бараше да се фотографира со мене за време на состанокот на Г7 во Франција. Таа е во лоша состојба со нејзиното ниво на популарност во Италија, веројатно затоа што ги одби Соединетите Американски Држави - земја која навистина ја сака и ја штити Италија - кога беше потребно да се спречи Иран да добие или развие нуклеарно оружје (но, патем, така направи и НАТО!)“ - изјави Трамп. Тој особено нагласи дека Италија одби логистичка поддршка на американската војска во клучен момент. „Тие дури и не ни дозволија да ги користиме италијанските аеродромски писти, што ни создаде огромни логистички непријатности. „И сето ова и покрај фактот дека Соединетите Американски Држави издвојуваат стотици милијарди долари годишно за да ја заштитат Италија и другите таканаречени сојузници на НАТО“, напиша Трамп. Тој заклучи дека официјален Вашингтон постигнал воена победа во спорот со Техеран без помошта на Рим и дека сега нема простор за обновување на односите под старите услови. „Сега, откако САД воено го победија Иран, сакаат повторно да бидеме пријатели за да го подобрат својот рејтинг. Не, благодарам!“, рече Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСветскиот ден на јогата се одбележа и во СкопјеВо сите земји во светот 12-та година по ред се организираат настани по повод Светскиот ден на јогата.Во Градскиот парк во Скопје денеска се организираше јога час каде со убава атмосфера и пријатна музика граѓаните го почнаа викендот со насмевка и јога вежби. Во Скопје пристигна и амбасадорот и претставник за Македонија од Индија, Арун Кумар Саху. „Јогата не е само вежбање таа е и посебен момент кога се спојува телото и духовното“, објасни Саху. Учители по јога од Македонија со порака во време на стрес и заборавање на самиот себе, јогата е техника за мир кон себе и кон другите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook