Македонија против Ирска за пласман во полуфиналето - Канал 5

Македонија против Ирска за пласман во полуфиналето

Тениската репрезентација на Македонија попладнево против Република Ирска го игра решавачкиот дуел од Б групата од Третата Европска зона од Дејвис купот.

Македонија против Ирска за пласман во полуфиналето
Дуелот е дел од натпреварувањето што се одржува во Талин, Естонија. Тенисерите од Република Ирска во нашата група ја имаа улогата на фаворити. Двете селекции во првите две кола постигнаа максимални победи од 3:0 против Албанија и Ерменија.

Според најавите за Македонија во првиот меч ќе игра Димитар Грабул, а негов ривал ќе биде еден од двајцата играчи кои играа на преходните дуели Бјорн Томсон (18 години, 1046 место на АТП) и Петер Ботвел (20 години, 1115 АТП).

Грабул со своите 34 години е поискусен, а во пресрет на Дејвис купот имаше успешен настап на фјучрс во Швајцарија на тврда подлога (четири победи во пет меча).

Во вториот меч за Македонија ќе настапи Томислав Јотовски, како наш најдобро рангиран играч и за ривал ќе го има Сем Бери (24 години, 359 АТП). Во двојки пријавени за Македонија се Грабул и Јотовски, но доколку мечот биде решен шанса ќе добие Горазд Србљак, нашиот трет играч во репрезентацијата. Кај Ирска во двојки се очекува да настапи Дејвид О‘Хер, кој има и најдобар ранг – 231 на АТП листа во двојки.

Победникот во полуфиналето ќе игра најверојатно против селекцијата на Кипар предводена од Маркос Багдатис. Почетокот на дуелот е во 16 часот по локално време или во 15 часот по македонско време. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ведро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степени

Според Управата за хидрометеролошки работи денеска утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло.

Ведро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степени

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер