Македонија против европскиот првак Шпанија ги почнува квалификациите за ЕУРО 2016 - Канал 5

Македонија против европскиот првак Шпанија ги почнува квалификациите за ЕУРО 2016

Македонската фудбалска репрезентација со вечерашниот дуел против европскиот шампион Шпанија во Валенсија ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2016 (ЕУРО 2016). Избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски 5-6 дена се подготвуваат во Валенсија. Воедно Ѓуровски предупредува пред вечерашниот дуел на внимателност и на почитување на Шпанија, но во натпреварот не смее да се влезе со страв.

Македонија против европскиот првак Шпанија ги почнува квалификациите за ЕУРО 2016
Капитенската лента ќе биде на раката на Ванче Шиков, додека Агим Ибраими во изјавите пред дуелот напомена дека Шпанија е силна репрезентација и дека секоја шанса во нападот мора да се искористи.

Двете репрезентации вчера одржаа и тренинг на стадионот „Сиудад де Валенсија“ (стадион на Леванте), нашите да го почуствуваат теренот, додека Шпанија беше следена и од околу 5.000 навивачи.

Поради повреда добиена на еден од тренинзите во Шпанија во редовите на Македонија нема да настапи Ферхан Хасани, додека селекторот на Шпанија Винсенте Дел Боске нема да може да смета на напаѓачот на Челзи, Диего Коста (повреден) и најави дека стартери ќе бидат Икер Касиљас и Пако Алкасер,а за другите ќе реши пред натпреварот.

Дуелот Шпанија – Македонија почнува во 20:45 часот, а во рамките на Ц групата во истиот термин играат уште: Луксембург – Белорусија и Украина – Словачка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер