Други спортовиМакедонија против Данска во полуфиналето на завршниот турнир од Европската лига Одбојкарската репрезентација на Македонија во полуфиналето на завршниот турнир од Европската лига ќе игра против селекцијата на Данска, која е домаќин на завршниот турнир.Македонија заврши како првопласирана во групата А, а Данска беше втора во групата Б. Во второто полуфинале ќе играат Украина (прва од групата Б) и Шведска (втора од групата Б). Шведска е втора во групата А, иако со Албанија имаа исти параметри во првите три критериуми и решаваше четвртиот. Двете селекции постигнаа по три победи, имаат ист број бодови – 9, а и односот на сетови беше ист – 12:12. Решавачки беше четвртиот критериум Шведска имаше 534:512 скор на поени (количник 1,0430) , а Албанија 514:518 (количник 0,9923). Полуфиналето и финалето ќе се одигра во Гентофте на 1 и на 2 јули. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Од утре до сабота променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежиСпоред Управата за хидрометеоролошки работи од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во Скопје, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаМицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Кокиче“ Општина Гази Баба доби нова градинка. Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности. Првите 6-7 години во животот се секогаш најзначајни, и тие не пратат до крајот на животот. Вредностите коишто во првите 6-7 години ќе ги стекнете, вредностите со коишто ќе другарувате и ќе ги споделувате, тие вредности понатаму најверојатно ќе ве пратат до крајот на вашиот живот. Така што, јас пред сѐ би сакал да им посакам на нив многу нови другарства, многу знаење, коешто понатаму во животот, живот ќе им значи. Истовремено би сакал тука исто така да ги потенцирам квалитетот на живот на родителите, коишто сега имајќи ги овие објекти на располагање, ќе знаат дека нивните дечиња се во сигурни раце. Дека се во сигурни раце кај воспитувачите, кај оние коишто ќе се грижат за нивното образование и за нивниот живот и на тој начин ќе можат да се посветат на реализирање на своите професионални обврски и реализирање професионално како личности. И на крај би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на пратениците коишто доаѓаат од регионот на Општина Гази Баба, на советниците, на администрацијата, којашто ги поддржува ваквите објекти, бидејќи ова се навистина објекти како што кажавме од капитално значење, градиме автопати, градиме булевари, градиме градинки, градиме училишта, градиме игралишта. Сѐ се тоа капитални инвестиции, коишто за жал, со децении не биле изградени или да бидам уште подиректен и попрецизен, за жал, многу пати во минатото биле украдени. Истовремено, му се заблагодарувам и на министерот за социјална политика, демографија и млади и заменикот за целокупната поддршка, којашто ја даваат при реализацијата на ваквите објекти, институционалната поддршка на централно ниво е исклучително значајна и важна и затоа мојата голема благодарност и почит како тим ја имаат сите учесници во реализирањето на овие проекти. И конечно на крај, на жителите коишто имаа трпение во целиот овој период. Се надевам дека многу скоро ќе зазелени и партерното уредување околу објектот и навистина ќе го добие својот полн сјај и изглед онака како што го замислуваме. Им благодарам и на крај и на воспитувачите, на директорката, на сите оние коишто ќе се грижат за образованието и воспитувањето на најмладите, коишто доаѓаат од ова населено место, изјави во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Српска актерка во секси бикиниУбавата српска актерка Ивана Дудиќ одлучила да помине еден жежок летен ден на вода, во друштво на своите блиски пријатели. Таа сподели моменти на чисто уживање со своите следбеници на Инстаграм додека во бело бикини, со насмевка на лицето и пијалок во рака, самоуверено управуваше со бродот. Со оваа објава, атрактивната бринета повторно покажа совршена линија, но и дека совршено ја контролира ситуацијата на брановите. Таа потврди дека мисли на своите следбеници дури и додека крстари, со кратка порака „Ве сакаме“ што ја напиша преку видеото. 34 годишната Ивана Дудиќ се смета за една од најатрактивните и најдобрени актерки од помладата генерација. Сепак, како што вели самата, зад нејзината добра форма не стојат ригорозни диети или исцрпувачки тренинзи, туку рамнотежа, дисциплина и здрави навики што ги стекнала со текот на годините.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter