Македонија продолжува да старее: Средната возраст е 42,21 година - Канал 5

Македонија продолжува да старее: Средната возраст е 42,21 година

Средната возраст во 2025 година на македонското население е 42 години, односно за пет години повеќе споредбено со 2015 година. 

Македонија продолжува да старее: Средната возраст е 42,21 година

Во регионот медијалната возраст е помала само во Црна Гора кадешто е 40, а поголема бројка има во Албанија, Србија, Грција, Бугарија, Хрватска и Словенија кадешто надминува 47.

Поранешниот директор на Државниот Завод за Статистика, Апостол Симовски, објаснува дека медијалната возраст од 42 години не е просечната старост на населението, туку дека половина од македонските граѓани се помлади 42 години, а другата половина се постари од 42 години. Според него, ваквата демографска слика се должи на повеќе фактори, но главната причина вели дека е миграцијата во странство, бидејќи се намалува бројот на родени деца во една држава.

-Самиот процес на наталитет, заради образовниот процес, односно вклучување на поголема маса на население во образовниот систем којшто трае подолго со студирањето и слично, одложување на бракот, економските карактеристики, вработување пред се на жената и нејзината активност во општеството, еманципацијата итн. Менуваат многу работи, меѓутоа по мене клучниот проблем е миграцијата, односно емиграцијата во странство бидејќи има двојно дејство, двоен ефект. Прво, ви зема дел од населението, претежно младо, најчесто младо население, но и население кое треба да го гради идниот наталитет,- -Апостол Симовски.

Симовски вели дека бројката речиси секаде е зголемена и поради развојот на медицината која го продолжува животниот век.

Статистиката на Еуростат покажува дека се зголемува и медијалната возраст на Европската Унија. Во 2015 година, во ЕУ бил изнесувала 43 години, а во 2025 година се искачила на 45. Пад на медијалната старост се забележува во Германија, а Симовски вели дека е резултат на тоа што Германија најчесто прибира надворешно население.

Сепак, на целиот европски континент највисока медијална старост има во Италија со нешто над 49 години, додека најнизок е во Турција со 34,4 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол, следува пријава

Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол, следува пријава

На 03.09.2026 во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро, кај Женска плажа во Струга, полициски службеници од мобилниот тим од Регионалниот центар за гранични работи Запад - „Task Force” ги лишија од слобода Е.К.(19) и К.С.(19), двајцата од с.Делогожди, струшко. При извршен преглед кај нив, кај Е.К. бил пронајден пиштол.

Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар со трофеј ја отврои новата сезона

​Петти Суперкуп за Вардар и петта потврда дека шампионскиот карактер се гради со години, но се докажува на терен. 

Вардар со трофеј ја отврои новата сезона

Новата сезона започна онака како што доликува на шампион, со трофеј во рацете.

РК Вардар 1961 го освои Суперкупот на Македонија, совладувајќи го ГРК Охрид со 32:31 во драматичен и до последната секунда неизвесен дуел во Гевгелија. „Црвено-црните“ покажаа карактер, сила и победнички менталитет и стигнаа до петтиот Суперкуп трофеј во историјата на клубот.

За Вардар, трофејот е повеќе од одличје. Тој е продолжение на традицијата, потврда на амбициите и силна најава за сезоната што следува. Двојниот европски шампион повторно ја потврди својата позиција како најуспешен клуб во историјата на Суперкупот на Македонија. Новата сезона допрва започнува. Следуваат нови предизвици, нови битки и нови цели на домашната сцена, во трката за двојната круна, но и на европскиот терен.

Ние веруваме дека Вардар има сила за нив. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во тимот, во неговиот квалитет и во победничкиот менталитет кој со децении го препознаваат генерации вардарови навивачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија губи време, губи генерации – најскапото нешто

„Македонија губи време, а со изгубеното време ги губи и генерациите. 

Филипче: Македонија губи време, губи генерации – најскапото нешто

Најскапото нешто во еден човечки живот е токму изгубеното време“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечениот настан по повод 35 години независност на Македонија, во Македонската филхармонија.

Филипче посочи дека Македонија веќе предолго стои во место и дека додека соседите напредуваат на европскиот пат, државата губи драгоцено време и можности.

„Албанија до крајот на 2025 година ги отвори сите 33 преговарачки поглавја, а во јули оваа година започна и со нивно затворање. Црна Гора до 14 јули имаше 18 привремено затворени поглавја. Македонија, која некогаш беше пред нив на европскиот пат, сè уште чека да го отвори првиот кластер. Тоа е факт од кој нема засолниште во патриотска реторика. Можете секој ден да објаснувате дека сте победиле со тоа што не сте направиле ништо. Граѓанинот на крајот ќе види кој се движи напред, а кој стои во место, или назадува“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче нагласи дека времето поминато без суштински реформи и без напредок кон Европската Унија не е само политичка статистика, туку директна загуба за државата и нејзините граѓани.

„Власта две години ја уверува јавноста дека ќе издејствува нови услови, нова формула, подобра преговарачка позиција. Европската позиција во јуни 2026 година остана недвосмислена. Во меѓувреме соседите отвораат и затвораат поглавја. Тоа не се само поглавја. Тоа се успешни и тешки реформи кои најчесто не се популарни. Тоа веќе не е дипломатска тактика. Тоа е изгубено време. Најскапото нешто во еден човечки живот. Македонија има потрошено премногу генерации на изгубено време“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека европските интеграции се најголем државен интерес и дека за нив не се потребни декларации и политичка реторика, туку конкретни одлуки и работа.

„Европските интеграции не му припаѓаат на СДСМ. Не му припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Не му припаѓаат на ниеден претседател, премиер или министер. Тоа е најголем државен интерес. Не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се прави да се стаса до целта. Зад поглавјата стојат судови што треба да судат независно. Администрација што треба да му служи на граѓанинот. Почиста животна средина. Побезбедна храна. Подобри патишта. Поголема конкурентност на фирмите. Повеќе европски пари за училиштата, инфраструктурата, енергетиката и дигитализацијата.

Тоа е наједноставната формула на европскиот процес. Реформа, резултат, средства, подобар живот“, потенцираше Филипче.

Филипче порача дека Македонија нема повеќе време за нови одложувања и нови изгубени децении.

„Последното големо поглавје сè уште не е завршено. Нашата генерација треба да ја заврши работата. Без нови изгубени децении. Без производство на предавници за секој тежок компромис. Без лажен патриотизам кој е најгласен пред камерите, а немоќен и кукавички кога треба да се донесе резултат. Без свечености со кои ќе си докажуваме колку сме успешни додека нашите деца го бараат успехот во други држави. Пред 35 години граѓаните ја избраа независноста. Нашата задача денес е таа независност да има содржина. Добар живот. Праведно општество. Функционална држава. Сигурна иднина. Европска Македонија. Така ќе му оддадеме почит на Киро Глигоров. Не само со филм. Туку со завршена работа“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер