Македонија претрпе тежок пораз од Данска - Канал 5

Македонија претрпе тежок пораз од Данска

Во натпревар без поголемо резултатско значење, вечерва во Вараждин, репрезентацијата на Македонија загуби од Данска со 31:20.

Македонија претрпе тежок пораз од Данска
Иако ослабени без повредениот капитен Кирил Лазаров во составот „црвено-жолтите“ успеаја психолошки да се издигнат по вчерашниот пораз од Чешка и одиграа рамноправно прво полувреме со големиот фаворит.

Селекторот Раул Гонзалес поголема минутажа им даде на помладите играчи. Нападот беше предводен од Филип Кузмановски и Дејан Манасков, а добро делуваше и одбраната. Данците најчесто водеа со еден разлика, најмногу со два, но на пауза се отиде со нерешен резултат 12:12.

Сепак голем пад во играта на нашите репрезентативци се случи во вторите 30 минути. Данците „притиснаа“ и постепено ја зголемуваа предноста. Во 45 минута водеа со седум разлика, а во 50. беше плус 9 (26:17). Скандинавскиот состав рутински го приведе натпреварот кон крајот за убедлив триумф и потврда на првото место во групата.

Најефикасни во македонската селекција беа Филип Кузмановски со 6, Дејан Манасков и Стојанче Стоилов имаа по 4 реализации.
Ова беше последен натпревар за македонските ракометари на Европското првенство во Хрватска.

На првиот денешен дуел од Групата 2 во втората фаза на ЕП, Словенија и Чешка ремизираа 26:26.

Од 20:30 часот Шпанија и Германија во директен дуел ќе одлучат кој од нив ќе и се придружи на Данска во полуфиналето.

Табела: Данска 8 бода, Чешка 5, Шпанија 4 (натпревар помалку), Германија 4 (натпревар помалку), Словенија 4, Македонија 3.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивната Никол повторно провоцира

Светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. 

Фото: Атрактивната Никол повторно провоцира

Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше.

Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет.

Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго.

.. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

На дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри.

Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море.

Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег.

Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата.

„Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај.

Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште.

Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“.

Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство.

Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон.

Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани.

Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал.

Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување.

„Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Девојката на големиот холивудски заводник Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа.

Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан.

Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан.

Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика.

За оваа прилика таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота.

Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер