Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
2Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
ЗабаваМакедонија повторно без пласман во финалето на ЕвросонгМакедонскиот претставник на песната на Евровизија групата Ај Кју не успеаја да се изборат за место во големото финала на 63 издание на Евросонг кое стартуваше вечерва во Лисабон.Македонија е без учество во финалето на Евровизија од 2012 година. Ај Кју со песната „Lost and found“ беше дел од првата полуфинална вечер во која настапија натпреварувачи од 19 држави. Пласман во саботното финале според бројот на гласовите од публиката и стручното жири осигураа десетте најдобри, претставниците од Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија,Финска и Ирска. Втората полуфинална вечер ќе се одржи в четврток кога повторно ќе бидат избрани уште десет учесници за финалето. Во финалето во сабота за евровизискиот трофеј од 63 издание во Лисабон ќе се натпреваруваат 20 –те најдобри од двете полуфинални вечери, претставникот на домашниот Португал и петте величенствени, претставниците на Германија, Италија, Шпанија, Англија и Франција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
СветСилен земјотрес ја потресе КамчаткаЗемјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области се почувствувани потреси со интензитет до пет степени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. Во одредени делови на Петропавловск-Камчатски, како и во Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, се почувствувани потреси со интензитет до четири степени, додека во окрузите Виључинск и Јелизово интензитетот достигнал пет степени, се наведува во соопштението објавено на платформата „Макс“. Според податоците на огранокот на Камчатка при Геофизичката служба на Руската академија на науките, епицентарот на земјотресот бил на копно, во округот Јелизово, на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, на длабочина од 128 километри. Службите за итни случаи не добиле никакви повици поврзани со земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за цунами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаМицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на МакедонијаВо овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“ Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде: „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на КиненоваТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него. -Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер. Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм. Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови. Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26