Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија
2Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија
3Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
РакометМакедонија поразена од Грција во квалификациите за ЕП 2020Македонија претрпе пораз од Грција со 28:26 во второто коло од квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година.По несигурната игра во воведните минути на натпреварот во Кожани, македонските ракометари воспоставија поголема контрола над теренот и имаа водство кое со осцилации го одржуваа до 20-та минута. На десет минути пред крајот на првиот дел домашните ракометари успеаа да израмнат и да наметнат игра гол за гол. Првото полувреме помина во многу грешки на двете страни, а македонската репрезентација со погодок во последните секунди на паузата да замина со минимална предност од 12:13. Меѓу најзаслужните за водството на Македонија беше голманот Никола Митревски, кој со повеќе одлични интервенции не дозволи резултатски пресврт. И во второто полувреме македонската репрезентација не ја оправда фаворитската улога и продолжи со неконзистентната игра со многу грешки. Иако македонските ракометари во поголемиот дел од полувремето имаа минимална предност, на неколку минути пред крајот дозволија домаќините да поведат. Грчките ракометари во финишот останаа пофокусирани на теренот, ги искористија грешките на македонскиот тим и благодарение на одличните интервенции на голманот Цилимпарис остварија победа од 28:26. Македонија во првото коло ја совлада Турција, а веќе во следното коло ќе се соочи со Исланд. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Скопје Превентивни активности на СВР Штип и СВР Скопје за безбеден сообраќај, заштита од семејно и родово базирано насилство, заштита од измами и спречување на шумски и пожари на отворено.Денеска (12.06.2026) на повеќе локации во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна активност под мотото ,,Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Притоа, на возачите им беше потенцирано да паркираат само на дозволените места за паркирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, беа поделени и летоци со едукативна содржина. Превентивна активност денеска беше реализирана во Делчево во насока на препознавање и заштита од семејното насилство. За време на активноста на граѓаните давани совети за самозаштита и упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Исто така, граѓаните беа информирани за појавите за семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на семејно насилство и родово базирано насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, однсоно брзо пријавување на бројот 112. СВР Скопје денеска на подрачјето на Полициската станица Драчево спроведе превентивна активност насочена кон информирање и едукација на повозрасната популација кои се најчеста жртва на телефонските измами. Преку непосреден разговори и делење на едукативен материјал граѓаните беа информирани дека најчест вид на измами се измамите со лажна сообраќајна незгода во која измамниците се јавуваат телефонски и се претставуваат како полициски службеник, адвокат, обвинител или лекар и притоа од жртвата бараат одредена сума на пари. Додека пак, со претставници од општина Зелениково беше одржан работен состанок, при што беа презентирани мерките и активности кои се планирани да се преземат со цел рано спречување на пожари , како и запознавање на граѓаните со законските регулативи доколку не внимаваат на последиците или се предизвикувачи на шумски пожари и пожари на отворено. Исто така, беше разговарано и за реактивирање и редовно функционирање на Локалниот совет за превенција со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите кои се поврзани со безбедноста на жителите од општината.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија Македонија нуди стабилна деловна средина и нови можности за странски инвестиции, порача премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи македонската делегација на Бизнис-форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Тој истакна дека двете земји негуваат традиционално пријателски односи, кои претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка. Обраќајќи им се на претставниците на турската бизнис-заедница, Мицкоски ги повика компаниите од Турција да ја препознаат земјава како партнер за идни инвестиции и економска соработка, нагласувајќи дека постојат сите предуслови за продлабочување на деловните врски меѓу двете држави. -Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B-настани и B2B-средби, односно она што го почнавме во Унгарија и што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис-заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул. Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул, Турција. Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она што ние ќе го правиме во овие два дена во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување странски директни инвестиции. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски кој остварил средба со министерот за трговија Омер Болат како и министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу. Попладнево објави – директна авио линија Анкара – Скопје како и карго железничко поврзување помеѓу Македонија и Турција. На средбата со турските министри се разговарало за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави, а посебен фокус бил ставен на инфраструктурата и регионалното поврзување. Одличните политички односи меѓу двете земји претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестиции, потенцирал шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во обраќањето на Форумот. -Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е во нејзиното јадро, посочил Муцунски. Дел од македонската делегација се министрите за европски прашања, економија и труд, Беким Сали и Бесар Дурмиши, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтартува задолжителната обука за управување со мотоцикл до 125 кубици.Од денеска стартуваат задолжителните обуки за граѓаните кои сакаат да управуваат со мотоцикл до 125 кубици. МВР ги појасни условите откако во јавноста особено кај младата популација се создаде впечаток дека лесно ќе може да се вози мотоцикл. Оваа обука е задолжителна и се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, но не и помлади. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот. Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија. Од МВР додаваат и дека доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата. Инаку правилникот е дел имплеметацијата на законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои Собранието ги усвои во април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24