Македонија под снежна покривка- педесетина села останаа без електрична енергија - Канал 5

Македонија под снежна покривка- педесетина села останаа без електрична енергија

Голем дел од Македонија утрово осамна под снежна покривка.  

Македонија под снежна покривка- педесетина села останаа без електрична енергија

Македонија се разбуди во бело. Снегот, кој уште од вчера започна да ги покрива планинските и повисоките места, утрово донесе вистинска зимска слика низ земјава. Но донесе и проблеми во сообраќајот, излизгани возила, сообраќајни незгоди и забрани за тешки товарни возила на повеќе патни правци.

Поради неповолните временски услови, повеќе населени места останаа и без електрична енергија, пред се во Западна Македонија..

„Поради дефекти на електродистрибутивната мрежа без електрична енергија се 50-тина населени места во Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола, каде се работи на отстранување на дефектот...“

Според последните информации од Македонија пат и ЦУК , сите забрани за тешки товарни возила се укинати и патиштата се проодни во целост, но во текот на ноќта и во раните утрински часови сликата беше поинаква. Снегот и лизгавиот коловоз синоќа го отежнаа сообраќајот на планинскиот превој Стража, а на патот Куманово-Свети Николе утрово излетал камион поради што сообраќајот беше целосно прекинат. Попладнево, патниот правец беше повторно отворен.

Како што информираат од Македонија пат нивните екипи остануваат на терен да ја следат состојбата и во текот на ноќта, особено на повисоките планински места.

Снегот го обои во бело и главниот град. Од градските власти велат дека службите уште од вчеравечер на терен, овозможувајки непречено одвивање на сообраќајот низ Скопје

Прогнозата на УХМР покажува дека врнежите ќе престанат до вечерните часови, а слабо провејување на снег ќе продолжи само во источните делови на земјата. Од утре се очекува стабилно, но многу студено време, со минусни низ целата земја. Во среда пак температурите во дел од земјата ќе се спуштат и до минус петнаесет степени.

„Во текот на следната седмица, од утре, ќе имаме навистина многу студено време.Утринските температури од вторник па сè до петок се очекува да се спуштат и до минус 15-тиот степен во Осоговско-малешевскиот регион, Пелагонија. Во Скопската котлина е прогнозирана утринска температура од минус 10 степени. Најстудено утро очекуваме во среда.“

Од ЦУК, АМСМ и Македонија пат апелираат на внимателно возење, приспособена брзина и задолжително поседување на зимска опрема.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец.

Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето.

Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец.

Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош.

Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи.

Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБА

Брајан Киф повеќе не е тренер на Вашингтон Визардс. 

Вашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБА

Клубот го отпушти во саботата навечер, неколку часа по поразот на домашен терен од Орландо Меџик со 91:116. Визардс загубија десет од последните 13 натпревари и ја отворија сезоната со резултат од седум победи и 13 порази.

Киф забележа 50 победи и 173 порази на клупата на Вашингтон, или 22,4 проценти од победите. Според ESPN, тоа е најлошиот процент меѓу сите тренери во историјата на НБА со најмалку 200 натпревари на клупата, а CBS вели дека е втор најлош меѓу оние со најмалку 100 натпревари.

Капорн ја презема функцијата до крајот на сезоната

До крајот на сезоната, тимот ќе го води неговиот прв помошник Адам Капорн. „Одлуки како оваа никогаш не се лесни, но време е тимот да продолжи напред со нов глас“, рече претседателот на клубот, Мајкл Вингер. „Адам има целосна поддршка од организацијата и со нетрпение очекуваме тој да го води тимот до крајот на сезоната“, додаде тој.

Киф ја презеде функцијата привремен тренер на Визардс за сезоната 2023-24 откако Вес Анселд Џуниор беше отпуштен, а следната лето му беше доделена постојана работа. Во последниот натпревар, Вашингтон заостануваше со 30 поени на полувремето против Орландо.

Јанг, Дејвис и првиот избор

Вашингтон влезе во сезоната со поголеми амбиции. Треј Јанг потпиша големо продолжување на договорот, Ентони Дејвис остана во тимот, а Еј-Џеј Дибанца пристигна како прв избор на драфтот. Сепак, Визардс загубија осум натпревари по ред во еден момент, од кои шест со двоцифрена разлика.

Јанг има просек од 17,1 поен со 36,8 проценти шут од поле, додека Дибанца има просек од 16,7 поени, 7,2 скока и 3,1 асистенции по натпревар, но со слаб процент на шутирање. Ниту еден од најголемите надежи на Вашингтон досега не донесе пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО)

Минатата недела, повеќе од 12.000 посетители беа евакуирани од најголемата арена во Обединетото Кралство откако на концертот на раперот Дон Толивер беше ослободена „непозната супстанца“.

Се огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО)

Полицијата околу 22 часот добила извештаи дека посетителите ги почувствувале ефектите од одредена супстанца во арената Co-op Live во Манчестер. Сега објавија дека се сомневаат дека инцидентот не бил случаен.

Имено, локалната полиција (Полицијата на Голем Манчестер) објави дека работи на идентификување на осомничените, како и на супстанцата што била ослободена за време на инцидентот во салата.

Се верува дека група организирани криминалци намерно предизвикала хаос за да изврши кражби за време на концертот, пишува The Guardian.

Тие објавија дека сè уште никој не е уапсен, но дека полицајците ги прегледуваат снимките од надзорните камери, како и снимките од мобилните телефони на посетителите. Тие исто така соработуваат со други безбедносни служби низ Европа, бидејќи слични инциденти се случиле на уште два концерти на Толивер, за кои истражителите веруваат дека се „релевантни“ за нивната истрага.

За потсетување, снимките од концертот брзо се проширија на социјалните мрежи, на кои се гледаат луѓе како кашлаат и си ги покриваат устите додека го напуштаат местото на одржување. Полицијата првично помисли дека станува збор за солзавец, но подоцна соопшти дека станува збор за „непозната супстанца“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер