Македонија по четврти пат во историјата ќе биде дел од Европски одбојкарски шампионат - Канал 5

Македонија по четврти пат во историјата ќе биде дел од Европски одбојкарски шампионат

Најдобрата макша одбојкарска репрезентација на Македонија со максимална победа над Грузија од 3-0 по сетови 25-13,25-16 и 25-17 стигна до посакуваниот триумф вреден пласман на ново Европско првенство.

Македонија по четврти пат во историјата ќе биде дел од Европски одбојкарски шампионат

Црвено жолтите кога беше најпотребно одиграа уште еден одличен меч и лесно и убедливо славеа победа над селекцијата на Грузија, во меч во кој не смееше да се загуби сет , и изборија четврто учество во историјата на еден континетален самит.

Избраниците на Јошко Миленковски со вечерашниот триумф стигнаа до посакуваното второт место во групата и заедно со уште четири второпласирани селекции од другите групи си обебедија место меѓу европската одбојкарска елита која ќе биде дел од Европскиот шампионат во 2026.

Во одличниот тим на Македонија вечерва најрасположен за освојување на поени беше каптенот Никола Ѓоргиев со 16 поени негови одлични соработници беа Љафтов со 12 поени,Милев со 9 поени, а по осум поени Маџунков и Ѓорѓи Ѓорѓиев.

Покрај Македонија од нашата квалификациска група во која остваривме половичен успех по две победи и порази како првопласирана во групата на европскиот самит патува и репрезенатцијата на Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење

Нова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.

ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење

По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина.

Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод.

И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето.

Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање.

Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања.

Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство.

Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира.

Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа.

Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување.

Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината.

Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите

Општина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. 

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило,  крај на дупките, поголема безбедност за жителите

Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината.

Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 метри.

„Коловозот беше во лоша состојба, како резултат на повеќегодишното користење, со дупки и крпеници, а имавме и барања од жителите да се среди. Затоа одлучивме да се постави нов асфалт. Наша цел е секој дел од Центар да има квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Претходните недели беа асфалтирани улицата Маџир Маало и кракот на улицата Истарска во Ново Маало. Следна е улицата Владимир Назор, а во тек е и завршување на улицата Ленинова.

Општина Центар продолжува со модернизацијата на патната и комуналната инфраструктура со цел да го подбри квалитет на живот на граѓаните.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)

Анис ал-Асбахи, портпарол на Министерството за здравство под контрола на Хутите, денеска изјави дека седум лица се ранети во напади предводени од Саудиска Арабија врз пристаниште во Црвеното Море и нафтен објект во јеменската провинција Ходеида.

Последователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)

Во објава на платформата „X“, тој напиша дека четворица цивили се ранети за време на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пристаништето Рас Иса, додека тројца други се повредени во напад врз нафтен објект во округот Баџил.

„Последователните напади врз нафтени постројки и витални пристаништа претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и придонесуваат кон низа воени злосторства насочени против цивили и критична инфраструктура“, изјави портпаролот.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер