Македонија останува земја со најниска цена на енергенсите во регионот, Владата ја следи ситуацијата, изјави Мицкоски - Канал 5

Македонија останува земја со најниска цена на енергенсите во регионот, Владата ја следи ситуацијата, изјави Мицкоски

По последната ескалација на војната на Блискиот исток и новото нагорно поместување во цената на нафтата на светските берзи – од Владата велат состојбата будно се следи.

Македонија останува земја со најниска цена на енергенсите во регионот, Владата ја следи ситуацијата, изјави Мицкоски

Премиерот Хриситјан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека мерките кои до неодамна беа на сила за намалени акцизи и ДДВ кај нафтените деривати стојат на располагање и доколку има потреба повторно ќе се активираат. Мицкоски вели живееме во предизивкувачко време со две војни, но и покрај предизвикот Македонија успева да обезбеди навремено и доволно снаабдување со енергенси, кои се и со најниски цени споредбено со регионот и пошироко.

„Имаме две војни озбилни војни. Она што за нас претставува предизвик е навремено и доволно снабдување со енергенси. Статистички имаме најниска цена на дериватите. Го следиме тој процес, ако треба повторно ќе се активираат секако мерките ни стојат на располагање....“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Дополнително Мицкоски вели Македонија е земја која има и најниска инфлација во јуни споредбено со земјите од регионот, и како позитивен го оцени фактот што во делот на храната инфлацијата според податоците е пониска од 3 %. Според последните поадтоци на статистика инфлацијата во земјава на годишно ниво во јуни е 3,4 %, што е пониско од она во април и мај кога изнесуваше 5,7 % односно 4,8 %.

Инаку деновиве пазарен треба да ги заврши деталните анализи на околу 700 прехранбени и непрехранбени производи, каде се проверуваат сите фактури од увоз до рафт. Според последните информации од министерството за економија првичните резултати од анализата покажале дека дел од растот на малопродажните цени не се должи само на повисоки набавни цени туку и на зголеување на бруто профитните маржи, а во одредени случаи дури каде имало дури и намалување на набавните цени, производите на рафт не поевтинувале поради повисоки маржи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес од 7 степени ја погоди Кина

Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 22 октомври 2026 година, во 16:33 часот во регионот Шизанг-Ќингхај во Кина, во регионот Тибет.

Земјотрес од 7 степени ја погоди Кина

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 32,4415 и географска должина 93,8549.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Зголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопштуваат од МВР.

Утре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух.

Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот.

Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови, оцени пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Тој предупреди дека Владата за неполни десет месеци понуди три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува значително повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат.

„Во рок од десет месеци имаме три буџетски конструкции и едно исто раководство кое постојано ни објаснува дека сè се одвива според планот. Изгледа дека единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови. Народот одамна рекол: „Двапати мери, еднаш сечи“. А оваа Влада, изгледа, прво сече, па потоа мери колку погрешила. И така трипати. Само што цената на секоја погрешна мерка ја плаќаат граѓаните, а не оние што ја направиле“, истакна Битиќи.

Тој посочи дека првично планираниот буџетски дефицит од 39,239 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, со јулскиот ребаланс се зголеми на 46,264 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а со октомврискиот останува непроменет. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат од 45,879 на 40,124 милијарди денари, односно за 5,755 милијарди денари, додека со вклучување на посебната компонента КАПЕФ, намалувањето на вкупната капитална компонента достигнува околу 6,3 милијарди денари. Според Битиќи, ваквата прераспределба го потврдува предупредувањето на Фискалниот совет дека дополнителниот дефицит практично повеќе не е наменет за зголемување на капиталните инвестиции, туку за покривање на тековните расходи.

„Во јули го браневте зголемувањето на дефицитот со аргументот дека обезбедувате дополнителни средства за капитални инвестиции. Тоа беше главното развојно оправдување за поголемиот фискален јаз. И доаѓаме до суштинскиот пресврт. Капиталните инвестиции се враќаат речиси на почетното ниво, но дефицитот останува за седум милијарди денари поголем од првично планираниот. Во јули се задолжувавме повеќе за наводно да инвестираме повеќе. Во октомври инвестициите се намалуваат, задолжувањето останува, а Владата продолжува да зборува за развој“, нагласи Битиќи.

Осврнувајќи се на развојните приоритети, пратеникот од СДСМ укажа дека со ребалансот се намалуваат средства од основниот буџет за малите и средните претпријатија, технолошко-индустриските развојни зони, странските инвестиции, рамномерниот регионален развој, енергетиката и образовната инфраструктура. Тој предупреди и на нестабилните приливи од странски директни инвестиции, кои од 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година се имаат сведено на 18,7 милиони евра во вториот квартал. Дополнително, додаде дека расходите за пензии растат, но нивното номинално зголемување не гарантира и поголема куповна моќ, додека растечката зависност на пензискиот фонд од буџетските трансфери отвора прашања за долгорочната одржливост на системот.

„Каматите, за разлика од капиталните инвестиции, имаат една голема предност: тие не зависат од способноста на Владата да реализира проекти. Доаѓаат редовно, дури и кога развојот доцни, во овој дел нема промашување“, рече Битиќи, укажувајќи дека расходите за камати изнесуваат 21,094 милијарди денари, што е повеќе од половина од планираните капитални расходи.

Тој предупреди дека јавниот долг, кој на 30 јуни достигна 10,726 милијарди евра, до крајот на годината може да надмине 11 милијарди евра, и побара од министерката за финансии да објасни како дополнителните најавени задолжувања се третираат во официјалната евиденција на јавниот долг.

Битиќи побара од Владата и конкретен план за подмирување на доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти, кои во јуни достигнаа 42,66 милијарди денари, како и поголема транспарентност за тоа кои обврски се опфатени со ребалансот. Според него, државата не смее да ја загрозува ликвидноста на компаниите со одложување на сопствените плаќања, вклучително и навремениот поврат на ДДВ.

На крајот од обраќањето, пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи порача дека зад буџетските ставки стојат работници, пензионери, млади и компании што очекуваат стабилна и одговорна држава, нагласувајќи дека вистинската цена на лошото буџетско планирање се плаќа со пропуштената можност за развојот што нема да го оствариме, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер