Македонија осма на Светски куп во стрелаштво за инвалиди - Канал 5

Македонија осма на Светски куп во стрелаштво за инвалиди

Македонската златната параолимпијка Оливера Наковска Бикова го освои осмото место на Светски куп во стрелаштво за лица со инвалидност кое се одржува во Шќеќин, Полска од 7 до 11 мај.

Македонија осма на Светски куп во стрелаштво за инвалиди
Нејзиниот тренер Бранимир Јовановски, кој исто така ќе настапи како стрелец во дисциплината воздушен пиштол мажи ќе се обиде да освои норма за учество на Светското првнство кое ќе се одржи од 17 до 27 јули Сул, Германија.

Наковска-Бикова во досциплината воздушен пиштол во квалификациите го оправда своето високо реноме и после првите 3 серии, просечниот резултат беше над светскиот рекорд. Во последната серија не беше доволно сконцентрирана и квалификациите ги заврши со 378 кругови (3 помалку од нејзиниот светски рекорд) а 5 кругови повеќе од второпласираната конкурентка од Иран.

Согласно новите правила кои важат од минатата година, сите осум финалисти стартуваат од 0 и предноста која Оливера ја имаше по квалификациите веќе не беше важна. При најавата на финалистите Оливера како актуелен параолимписки шампион беше дочекана со овации од публиката и нејзините колеги – стрелци.

Првото место го освои Сарех Јаванмардидодмани од Иран со резултат од 194,5 кругови, второто Алиех Махмоудикордкхеили исто така од Иран со 186,0 кругови, а третото Аѕсел Озган од Турција со резултат од 166,7 кругови.

- Навистина штета, бидејќи Оливера е во исклучително добра форма, што го покажува и резултатот од квалификациите, меѓутоа не успеа да собере доволно ментална сила за да ја надмине кризата во која влезе на почетокот на финалето. Ова е уште едно искуство, за жал негативно, кое во понатамошниот тренажен процес ќе се обидеме да го надминеме. За жал Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет не доби доволно средства за учество на меѓународни првенства. Заради тоа на овој натпревар не настапија Ванчо Каранфилов и Лидија Крстеска (кои веќе имаат норми за светско првенство). Без учество на поголем број натпревари, не може да се очекува битно подобрување на менталната кондиција и надминување на психолошките бариери, информираше преку соопштение тренерот Јовановски.

Утре во 11 часот настапува Бранимир Јовановски во дисциплината воздушен пиштол мажи. Со резултат од минимум 540 кругови ќе обезбеди сигурно учество на Светското првенство. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Белата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби.

„Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа.

Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања.

Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“.

„ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор.

Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер