Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
МакедонијаМакедонија одбележува 154 години од раѓањето на Гоце ДелчевСпоменот за великанот на македонската борба за слобода, Гоце Делчев, се уште живее, и 154 години по неговото раѓање. Црквата Св. Спас под Скопското Кале каде се положени смртните останки од големиот револуционер, денеска беше претесна за бројните делегации и граѓани кои дојдоа да положат свежо цвеќе на неговиот гроб. Панихидата за помен на големиот син на македонскиот народ, Гоце Делчев ја водеше архиепископот Г-Г Стефан, чие дело кажа, никогаш не смее да биде заборавено, туку да биде вечен потсетник за љубовта кон татковината... -Бројните запсии сведочат дека Гоце уште од детството бил со исклучителен карактер и благ нарав. И да се родел во мирнодопски времиња сигурно животот би го поминал во борба за македонштината. За жал се родил во ропски услови, мисијата на Гоце била да повика кон својот народ, „не плашете си од нив, спомнете си за Господ, кој е величествен и влева почит“. Она кон коешто Гоце повикувал, самиот го правел со исклучителна храброст, за што го положил и сопствениот живот на само 31 година,- - Г-г Стефан – Архиепископ на МПЦ-ОА. А, по Богослужбата, одекна и македонската химна, опевајќи го името на великанот. Премиерот Мицкоски кој ја предводеше владината делегација, порача дека споменот на Гоце Делчев и неговото дело остануваат инспирација за идните генерации и пример за тоа како треба да се гради заедничката татковина. На гробот на Гоце Делчев денеска се поклонија и голем број граѓани. Делегацијата на СДСМ ја предводеше генералниот секретар Александар Димитријевиќ, додека претседателот на партијата Венко Филипче преку социјалните мрежи порача, во време кога државата повторно се соочува со сериозни предизвици, да не дозволиме националните интереси да бидат заложник на дневна политика. А во чест на денешното одбележување, Државниот архив објави автентичен и оригинален документ напишан од самиот Гоце Делчев. Со оваа азбука, како што велат од Архивот, се обезбедувала тајноста на комуникацијата, а нејзината употреба претставува доказ за високата организациска способност и стратегиска мисла на македонското револуционерно движење. Тагови: Гоце Делчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16