Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците во квалифинациите за ЕП во ракомет 2017 - Канал 5

Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците во квалифинациите за ЕП во ракомет 2017

Машката македонска ракометна репрезентација ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2018 година што ќе се одржи во Хрватска ќе ја чека од вториот по квалитет шешир.

Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците во квалифинациите за ЕП во ракомет 2017
Македонија сигурно нема да игра против, Русија, Норвешка, Унгарија, Словенија, Белорусија и Австрија кои се во истиот шешир.

Во најквалитетниот шешир покрај актуелниот европски шампион Германија, се олимпискиот и светски првак Франција, како и селекциите на: Шпанија, Данска, Полска, Шведска и Исланд.

Селекциите на: Србија, Чешка, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Холандија, Португалија и Литванија се во третиот шешир, а во четвртиот покрај, Словачка, Летонија, Украина, Швајцарија, ќе се најдат и селекциите победници од предквалификациските натпреварите, Израел - Романија, Турција – Белгија и Финска – Луксембург.

Ждрепката ќе се одржи на 14 април во Дубровник, квалификациите за ЕП 2018 ќе започнат на 2 ноевмри 2016 година, а ќе завршат на18 јуни 2017 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила до земјите членки на НАТО прашалник со кој, со цел да ја оцени нивната лојалност со американската политика..

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Како што објави Блумберг, прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, како американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро.

Земјите требале да одговорат и за европските набавки на оружје и дали тие ги насочуваат кон домашни или кон американски компании..Белата куќа, според медиумите, поставила и директни прашања за американската надворешна политика и од членките се бара да наведат дали јавно ги поддржале позициите на Вашингтон. Прашалникот стигнува и до американското воено присуство во Европа. Земјите исто така треба да наведат какви ограничувања поставиле за користењето на нивните бази од американските сили.. Извори од нато ваквите чекори ги доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија. Според нив, политичката усогласеност се става во равенка со американската воена заштита.. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна., пишува Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има

Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна.

СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има

Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба.

Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник - градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Наместо навремена превенција, навремена анализа и системска контрола на жариштата со комарците – градоначалникот и овој пат задоцни. Дури сега се сети дека треба да прска против комарци.

Скопје е под опасада од заразни комарци - поради задоцнетите реакции на првиот човек на Градот.

Среде лето, граѓаните во грч излегуваат надвор, стравувајќи дека може да бидат заразени.

Орце Ѓорѓиевски затаи кога најмногу требаше да делува.

Го немаше кога требаше навремено да се прска, пред вирусот да се прошири и пред граѓаните да почнат да заболуваат.

Па што правеше?

Да не случајно го исчисти Скопје од ѓубре? Да не случајно ги обезбеди ветените автобуси за Скопјани? Да не случано го среди Градски парк после невремето од пред еден месец?

Не, ништо од ова не е средено. Се занимаваше со билбордот со коњ со пет нозе, и со дрон го следеше загадувањето на реките во Скопје.

Кој ја плаќа цената? Цената ја плаќаат Скопјани со сопственото здравје и животи.

Ова е истиот принцип на работа на целата власт на ВМРО: се доцни, се чека проблемот да прерасне во криза, па потоа се глуми дека се преземаа нешто.

Орце Ѓорѓиевски не ги заштити Скопјани од комарците!

А требаше и мораше.

За тоа треба и мора да се одговара, кога би имало институции кои постапуваат по закон.

Прес-конференција на СДСМ, Александар Давчевски, претседател на Градска организација

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца турски државјани седум години тероризирале татко и син во Гостивар за злато и имот

Кривична пријава е поднесена против двајца турски државјани, кои со закани присилувале двајца гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета, соопштија утрово од МВР.

Двајца турски државјани седум години тероризирале татко и син во Гостивар за злато и имот

Се работело за турски државјанин на возраст од 54 и 55 години, под сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно, им ја пресметале вредноста на златото како стопена суровина, а не како изработени производи со значителна поголема пазарна вредност.

Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер