Македонија нема регистар на опасни раси кучиња - Канал 5

Македонија нема регистар на опасни раси кучиња

Земјава како опасни кучиња ги препознава само оние кои извршиле напад врз човек или друго животно, додека пак во регистарот ниту едно куче не се води како можна опасност без разлика на големината. 

Македонија нема регистар на опасни раси кучиња

Во поразвиените европски и светски земји кучињата како што се питбул, аргентиска дога, мастифите, па дури и шарпланинец, кои што можат да предизвикаат опасност се забранети.

Од Анима Мунди сметаат дека ваквиот закон треба да се примени и во Македонија.Велат дека треба да се формира стручна група, кој врз основа на експертиза ќе одреди кои кучиња се опасни и не треба да се чуваат како домашни миленици.

-Според тоа колкава сила има кучето за да нанесе штета, ако земеме една чивава, која може да покаже далеку поголема агресија од еден питбул, меѓутоа питбулот може да нанесе штета со само еден напад. Тие стручни лица направиле категорија на кучиња што може да предизвикаат голема штета доколку нападнат и тие кучиња едноставно се забранети за било какво размножување, чување, увоз, извоз значи се, такви кучиња во тие држави нема. Така треба да биде и тука, сите тие кои што моментално чуваат такви кучиња, треба да ги стерилизираат и кастрираат за да се сопре нивно размножување и да се забрани увоз на тие одредени раси.- Гизела Бошковска – Анима мунди.

Сепак, според Бошковска најголемите пропусти се институционални, а ахв ндма ниту капацитет да врши редовни контроли на терен

Треба да се контролира и дали секој што чува куче е одговорен сопственик, меѓутоа кај нас тоа е слаба страна, имплементацијата на законот за заштита и благосостојба е еднаква на нула, инспекторите на АХВ исклучиво постапуваат по пријави. Значи доколку граѓанин пријави ќе отидат на терен, меѓутоа да се прави редовна контрола, нема ништо од тоа. Само на територија на Скопје се тројца или четворица што треба за сите животни буквално, не збориме само за кучиња и за мачки, збориме и за овци и за коњи и за се што е животни тие ја спроведуваат така да и капацитетот на агенцијата е премал за да ги опслужи сите општини на Скопје. Гизела Бошковска – Анима мунди.

И во другите градови состојбата е поразителна, бидејќи според информациите, има по еден инспектор на 3 градови.... Дека треба да има построги регулативи за домашни миленици сметаат и кинолозите за да се избегнат несакани ситуации.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува унијата во однос на приемот на нови членки.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Народната банка го презеде управувањето со „Алта банка“тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори во „Алта банка“ Битола.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска ги преземаат надлежностите на досегашните органи на управување.Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките во периодот на администрацијата.

Администраторите ги преземаат овластувањата на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери.Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат состојбата во банката и да достават извештај.

Администрацијата е воведена за период од три месеци поради ризик за солвентноста на банката. Мерката следува откако на матичната „Алта банка“ во Белград ѝ беше одземена дозволата за работа.

Сопственикот од белград е известен да ги стави акциите на продажба.Доколку тоа не се случи, Народната банка ќе ги понуди на аукција, бидејќи има заинтересирани купувачи. Вчера гувернерот Трајко Славески во телевизиско гостување рече дека народната банка направила проверки пред давањето согласност за влез на Алта банка во Стопанска банка Битола.за таа цел, писмено се обратиле до европската централна банка и други регулаторни институции.

Според Славески, добиените одговори не покажале пречки за одобрување на трансакцијата.тој појасни дека согласноста била дадена на Алта Банка Белград, а не на физичко лице.во врска со сопственичката структура поврзана со Давор Мацура,кој е уапсен од властите во Белград рече дека не може да знае дали некој стои зад него .Одлуката за банката била донесена врз основа на предлогот на супервизијата и супервизискиот комитет.славески смирува дека наскоро ќе има поволен исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер