Македонија на стартот со Норвешка - Канал 5

Македонија на стартот со Норвешка

Кадетската репрезентација на Македонија утре во Сараево ги почнува натпреварите на Европското првенство – Б дивизија во кошарка за играчи родени 1997/98 и помлади.

Македонија на стартот со Норвешка
Како што јави МИА, прв противник на нашата селекција е Норвешка, а почетокот на дуелот е во 13 часот. Ова е еден вид отворање на првенството, кое ќе трае до 18 август.

Македонија е во групата А, од ривалите покрај Норвешка ги имаме уште: Португалија, Финска, Бугарија и Естонија. Двете првопласирани репрезентации во четирите групи ќе продолжат во четвртфиналната фаза, а само трите првопласирани на шампионатот ќе се изборат следната година да играат во А дивизијата.

На шампионатот учествуваат 22 репрезентации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра.

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Светската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот.

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура.

Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата.

Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик.

Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Марјановиќ во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Ана Марјановиќ.

Ана Марјановиќ во „Вести плус“

Ќе има ли лек за доцнењето на терапијата на клиниката за онкологија? Што значи потврда на канцер за пациент по која патека продолжува во здравствениот систем? Дали има стратегија за скрининг програми? Со Ана Марјановиќ од хема онко

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер