Македонија на отворањето на шампионатот против Франција - Канал 5

Македонија на отворањето на шампионатот против Франција

Македонската ракометна репрезентација попладнево со почеток во 18 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра првиот натпревар на 12. Европско првенство во ракомет што се одржува во Полска. Првиот ривал на Македонија е Франција, селекцијата која ги има обединето трите титули (европска, светска и олимписка).

Македонија на отворањето на шампионатот против Франција
Двете репрезентации играа во истата квалификациска група и во двата наврати победи Франција (27:25 во Скопје и 35:24 во Тулуз).
Македонската репрезентација која од средата се наоѓа во Краков веќе одработи неколку тренинзи и атмосферата во тимот е на високо ниво и играчите со нетрпение го очекуваат првиот натпревар на шампионатот.

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски го носи дресот на француската екипа Тулуз, а за првиот противник истакна дека резервирано во првите кола после додаваат „гас“.

- Тоа за нас може да биде плус. Ние треба да се насочиме на нашата игра и да одиграме на тој натпревар како што треба. Оваа репрезентација покажала дека може да игра добро и со големи репрезентации. Добрата одбрана може да не однесе до позитивен резултат. Ако тоа го завршиме добро, ќе биде поволно за нас, рече Герасимовски.

Франција е трикратен европски шампион, а на клупата го имаат и извонредениот Клод Онеста, додека секако најпознато име е еден од најдобриот ракометари на светот Никола Карабатиќ.

Натпреварот ќе го судат данските судии: Мартин Гјединг и Мдс Хансен.

По дуелот Македонија – Франција во Краков ќе се одржи и куса церемонија на свечено отворање, а потоа ќе следи и вториот дуел меѓу домаќинот Полска и Србија кога се очекува „Таурон Арена“ да биде исполнета во целиот капацитет со 15.000 гледачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт

На 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа.

Државниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт

На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација.

Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал.

Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар.

Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал.

Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом.

Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува.

Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер