Македонија на Меѓународниот филмски фестивал во Едрене - Канал 5

Македонија на Меѓународниот филмски фестивал во Едрене

Република Македонија ќе се претстави на манифестацијата „Денови на македонската култура“, која се одржува во рамки на Меѓународниот филмски фестивал во Едрене, Турција. Ова на денешната прес-конференција го соопшти државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби.

Македонија на Меѓународниот филмски фестивал во Едрене
- Во рамки на манифестацијата која се одржува од 25 до 28 овој месец, нашата држава ќе се претстави под мотото „Денови на културата на Македонија и македонското - турско филмско ателје“, со настапот на членовите на Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, албанското фолклорно здружение „Каршијака“, Агенцијата за филм на Република Македонија, Кинотеката на Македонија и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, рече Шехаби.

Во Турција ќе бидат претставени културните богатства на Република Македонија во неколку дејности-филм, фолклор и културно-историско и духовно наследство. „Танец“ и „Каршијака“ пред присутните ќе се претстават со дел од најпознатите песни и ора од нивниот репертоар. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани 14 документарни и 12 долгометражни филма од македонски и албански автори, поддржани од Агенцијата за филм на Република Македонија. Во соработка со Кинотеката на Република Македонија ќе биде организирана и изложба на браќата Манаки, со цел запознавање на присутните со ликот и делото на првите сниматели на Балканот.

На панел дискусијата свое обраќање ќе имаат директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска – Илиевска која ќе говори на тема: „Перспективата на соработката меѓу македонската и турската продукција“, како и директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците Скендер Асани.

Ѓоргоска-Илиевска рече дека на фестивалот во Едрене ќе биде прикажано дел од творештвото на браќата Манаки, дел од насловите на Љубиша Георгиевски, Столе Попов, како и современи македонски остварувања.

Директорот на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ Зоран Џорлев појасни дека се подготвуваат за голема турнеја, од 14 дена во Дубаи и додае оти за таа цел во Турција ќе настапи фолклорното студио „Блажевски“, кои се подготвени под нивно менторство.

Учеството на Македонија на оваа манифестација е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Турција, а е во организација на Меѓународниот филмски фестивал од Едрене.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер