Македонија на Медитеранската берза за археолошки туризам во Салерно - Канал 5

Македонија на Медитеранската берза за археолошки туризам во Салерно

Република Македонија со штанд претставуван од Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) учествува на 19. Медитеранска берза за археолошки туризам, која од 29 октомври до 1 ноември се одржува во Салерно, Италија.

Македонија на Медитеранската берза за археолошки туризам во Салерно
- Туроператори од цел свет се интересираат за Македонија како туристичка дестинација а, исто така, македонското културно наследство е привлечно за странските универзитети, министерства, музеи и други институции, информира УЗКН.

На штандот може да се добијат промотивни материјали, како видеа, флаери, постери.., а се презентирани и првите десет публикации од новиот пеокт за македонското културно наследство - за средновековните сакрални споменици: црквата Св. Пантелејмон во Нерези, манастирот Зрзе и Шарената џамија во Тетово, и седум публикации за археолошки локалитети: Старо Бонче, Скупи, Скопско Кале, Цареви Кули, Стибера, Хераклеја Линкестис и Тетовско Кале.

На саемот учествуваат земји од цел свет, меѓу кои Русија, Хрватска, Азербејџан, Бугарија, Грција, Турција, Јордан, Тунис, Узбекистан, Малта, Кипар, Венецуела, Израел, Естонија. Оваа година земја во фокус е Индија.

На еден од најпознатите археолошки европски саеми годинава присуствуваат проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, директорка на НУ Археолошки музеј на Македонија, како и претставници од Управата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите ќе се спореди со онаа во Бразил.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на избирачките места – истиот ден“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth).

„Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и во бројни други американски градови и сојузни држави, честопати се потребни недели за да се утврдат резултатите – односно да се пребројат – иако станува збор за значително помал број гласови.

Гласањето во Америка е корумпирано“, додаде американскиот претседател.

Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. 

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува.

Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси.

Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени.

Магија. Едноставно кажано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од Раф Ферфорд, британската воена база каде се случи инцидентот  што го истражува полицијата за борба против тероризмот.

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери - за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база.

Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер