Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
2Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
КошаркаМакедонија меѓу великаните,комплетиран списокот на учесници на наредниот младински евробаскетПо завршувањето на собирот во Скопје, како и оној на Крит, познати се и имињата на 16. репрезентации кои ќе бидат дел од елитното младински Евробаскет во сезоната 2023/2024.Место три, како што беше предвидено, две репрезентации од Дивизијата „Б“, ќе влезат во „А“ дивизијата во оваа младинска (У20) конкуренција. Тоа се финалистите на шампионатот во Скопје, репрезентациите на Чешка и Македонија. Најголемиот губитник е „бронзената“ Украина која иако третопласирана, според новата „проекција“ на ФИБА, догодина останува во „Б“ сегментот. Основната причина е што репрезентацијата на Полска го освои претпоследното место на првенството од „А“ дивизијата, одржано на Крит, а со оглед на тоа што ќе биде домаќин на наредниот шампионат, во 2024 година, остануваат „прволигаши“. Во понизок ранг се селат последнопласираната Естонија и Хрватска, која заврши на 14. позиција. Нареднито шампионат во Полска, Македонија ќе игра во мошне силна конкуренција, заедно со репрезентациите на Франција, Израел, Грција, Белгија, Србија, Германија, Турција, Литванија, Италија, Шпанија, Словенија, Исланд, Црна Гора, Полска и Чешка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФерати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбатаМинистерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма. Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на ФилипчеМали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче, во чиј мандат како министер околу 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело и граѓаните се труелеРЕАКЦИЈА НА ЈОН ФРЧКОСКИ Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар. Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците. Токму поради брзата интервенција на институциите кои ги набројува мали Фрчко, гостиварци веќе извесно време имаат техничка вода во нивните чешми и набрзо ќе имаат и бактериолошки исправна вода за пиење. А во меѓу време, од првиот ден на појавување на проблемот, благодарение на брзата интервенција на Владата, граѓаните на Гостивар се снабдуваат со бесплатна флаширана вода за пиење. За разлика од сега кога се преземаат мерки, се известуваат граѓаните и проблемот со водата се решава, во периодот на власт на талогот на СДС, граѓаните на Гостивар свесно беа оставени бавно да се трујат. Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДС, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење. Резултатите се криеле, граѓаните не биле известени да не ја консумираат и не биле преземени никакви мерки и активности од ниедна институција, ниту на локално, ниту на централно ниво за решавање на проблемот. Така да, му порачуваме на Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче за системското и свесно труење на граѓаните, а не на овие коишто во рекорден рок го решаваат проблемот и состојбата ја ставаат под контрола. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСветските мориња достигнаа рекордни температури во јулиСветските мориња достигнаа рекордно високи температури во јули, делумно поттикнати од развојот на условите на Ел Нињо во Пацификот..Според службата за следење на климата на Европската унија, температурите на површината на морињата минатиот месец изнесувал 20,96 степени целзиусови, со што е соборен претходниот рекорд од пред три години со 20,89 степени. Овие мерења се однесуваат на морињата надвор од поларните региони.. Долж Атлантскиот брег и во западниот медитеран температурите на водата достигнале рекордни вредности, проследени со силни морски топлотни бранови..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter