Македонија ќе побара екстрадиција на Груевски

Се подготвува екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија.

Вчера, Министерството за правда информираше дека до нив е пристигнато известување од Министерството за внатрешни работи дека Груевски се наоѓа во Унгарија по што е пристапено кон процедурите за подготвување на потребната документација за негова екстрадиција.

За екстрадиција потребни се документи од Судот односно правосилна пресуда, извадок од КЗ за описот на делото и застареноста на кривичното гонење односно за извршувањето и барање од Судот до надлежниот орган во државата каде што треба да се постапи за екстрадиција.

Во Министерството за правда, како што изјавија за МИА, работат на комплетирање на потребната документација за екстрадиција.

Премиерот Зоран Заев очекува Унгарија да постапи по веќе распишаната меѓународна потерница со која бара екстрадиција на Груевски.

– Очекуваме од Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на Република Македонија. Каква би била мотивацијата на нас земјите кандидати ако една земја членка на ЕУ биде засолниште на криминалци и не ја почитува меѓународната пракса, меѓународното право, рече вчера Заев на прес-конференција во Владата, кој ги демантираше шпекулациите за каков било политички договор со Груевски.

Вчера прес-службата на кабинетот на премиерот Виктор Орбан потврди дека унгарските власти го разгледуваат барањето за азил поднесено од поранешниот премиер Никола Груевски.

– Со оглед на тоа дека десетина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта. Канцеларијата ќе спроведе постапка за проценка на барањето за азил во согласно унгарското и меѓународното право, стои во соопштението во кое додаваат дека македонската Влада е партнер на Унгарија и не сакаатм никој можен начин да се мешаат во внатрешните работи на суверените држави и постапката за проценка на барањето на поранешниот премиер на Македонија за азил го сметаат за чисто правно прашање.

Унгарските опозициски партии, пак, вчера ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски. Унгарската националистичка партија „Јобик", како и левичарските партии „Дијалог" и Демократската коалција, соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во Македонија.

Вината за бегството на Груевски, македонските институции си ја префрлаат едни на други. МВР топката ја префрли на судот, а судот на СЈО. Оттаму, пак, вчера отфрлија било каква вина.

– СЈО во целиот изминат период постојано апелираше, сугерираше и поднесуваше барања за притвор за осомничениот Никола Груевски и другите осомничени во предметот „Титаник". Уште при првото поднесено барање за спроведување на истрага беа предложени мерки за притвор и истите беа одбиени. Кога го поднесовме обвинителниот акт поднесовме барање за определување мерка притвор и тогаш Кривичниот совет го одби таквото барање со наводи дека иако постои опасност од бегство, тоа може да го обезбедат со одземање на патната исправа и јавување на обвинетите еднаш неделно. Во меѓувреме, Груевски побара јавувањето во Судот еднаш неделно да му биде заменето со јавување еднаш месечно по кое барање ние дадовме мислење дека треба да биде одбиено како неосновано, меѓутоа Советот на Судот го прифати неговото барање. Сите овие услови беа предиспозиција да се случи ова бегство, изјави вчера обвинителката Лиле Стефанова од СЈО.

Груевски избега во Унгарија откако во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во случајот „Тенк" на Специјалното јавно обвинителство. Во текот на викендот судот се обиде на неколкупати да му ја достави поканата, но не го најде во неговиот дом. Тој завчера на својот официјален Фејсбук профил објави дека се наоѓа во Будимпешта каде побарал политички азил. – Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега и побарав политички азил од унгарските власти, напиша Груевски на „Фејсбук".

Информацијата за неговото бегство вчера попладне ја потврди и македонското Министерство за внатрешни работи кое објави и меѓународна потерница по него.

По бегството на Груевски, вчера по барање на Специјалното јавно обвинителство им беше одреден 30-дневен притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. Во раните утрински часови тие беа спроведени во затворот во Шутка. /МИА

Одбележани 81 година од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок во Тетово

Во Тетово денеска се одбележаа 81 година од смртаа на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржи пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за негово дело и лик

-Иљо Антески Смок загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше. Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт, а на денешен датум 17 мај во 1943 година Иљо е обесен. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнува столчето за да биде обесен, беше истакнато во пригодниот реферат од наставникот по историја, Љубиша Марковиќ.

Во Тирана покрај Иљо Антески Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. /МИА

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина.

„Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови. /МИА

Ван Перси презеде елитен холандски тим

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е нов тренер на Херенвен, соопшти холандскиот клуб. 40-годишниот стручњак потпиша за две сезони.

За Ван Перси, кој е играчот со најмногу голови во историјата на „лалињата“ со 50 погодоци, ова ќе биде деби како тренер на сениорска екипа.

Досега имаше искуство како тренер на младински тимови на матичниот Феенорд.

-Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, и ја практикувам со многу страст и задоволство. Имам желба да продолжам со мојот развој и улогата на главен тренер совршено одговара на оваа амбиција. Затоа сум воодушевен од можноста што Херенвен ми нуди многу убав елитен клуб со богати традиции и лојални поддржувачи. Фантастичен предизвик е да се дозволи да се придонесе за спортските амбиции и развој на клубот овде како главен тренер, истакна легендарниот стрелец.

Официјално ќе биде претставен во вторник на 21 мај. Херенвен е на 10. место во Ередивизи пред крајот на првенството./МИА

притисни ентер