Македонија има скоро 10 000 доктори, за 10 години само на еден му била одземена лиценцата - Канал 5

Македонија има скоро 10 000 доктори, за 10 години само на еден му била одземена лиценцата

Македонија има 9.900 лиценцирани доктори, во последните десет години само на еден доктор му е одземена лиценцата, на двајца доктори им се привремно одземени лиценците. 

Македонија има скоро 10 000 доктори, за 10 години само на еден му била одземена лиценцата

Причина за одземање на лиценците се лекарски грешки кои биле потврдени во судска потстапка, изјави претседателката на Лекарската Комора Калина Гривечва Старделова.

„За да се одземе лекарска потврда мора да има судски процес, каде се бара докторска одговорност. Досега како министер, поранешниот министер за здравство Никола Тодоров побара одземање на лиценците на двајцата анестезиолози од Гевгелија во случајот со почината родилка“, вели проф.д-р Калина Гривчева Старделова претседател на Лекарска Комора.

Според последните неофицијални бројки од Македонија си заминале околу три илјади доктори. Од лекарската комора велат дека не можат да потврдат за колкава бројка станува , бидејќи дел од докторите кои одат во странство бараат потврда и за доедукација дел остануваат, дел се враќаат.

„Ние издаваме потврди за одење во странство, но не значи дека некој заминал заради работа, дел одат и на едукација“, објасни проф. Старделова.

Лекарската комора, оваа година одбележува 20 години откако комората доби овластување да издава лиценци за работа. На прес конферницјата беше и тогашниот министер за здравство Владо Димов кога се формирала лекарската комора.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски меч за фудбалската селекција на БиХ на СП2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва во Санта Клара ќе го одигра најзначајниот натпревар во својата историја.

Историски меч за фудбалската селекција на БиХ на СП2026

Во осминафиналето на Светското првенство, популарните „змејови“ ќе се сретнат со еден од кодомаќините на Мундијалот, Соединетите Американски Држави.

Победникот од овој натпревар ќе обезбеди место меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Левис“, со почеток во 17:00 часот по локално време, односно ноќта меѓу 1 и 2 јули во 2-00 часот по наше време.

БиХ стигна до нокаут фазата како една од најдобрите третопласирани селекции, со четири освоени бода, по нерешениот резултат против Канада и големата победа над Катар во Сиетл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Георгина на Роналдо во бикини без филтери

Вереницата на најплатениот свтески фудбалер Кристијано Роналдо, атрактивната Георгина Родригез е „уловена“ од папараците на плажа во Мајами. 

Фото: Георгина на Роналдо во бикини без филтери

Бујната Георгина Родригез е фатена во одлично беше расположение како ужива на сонцето со група пријатели на плажите во Мајами за време на Светското првенство на кое настапува нејзиниот сакан.

Георгина која со Кристијано има големо семејство од пет деца изгледаше шармантно во црн бикини горен дел што го врза околу вратот, додека околу колковите врзала розова марама.

Сите забележаа дека бујната Георгина на фотките изгледа природно, бидејќи тие не се обработени за објавување на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата српска екс снајка во секси бикини

Младата српска пејачка Милица Јокиќ работи напорно и настапува речиси секој ден, а сега реши малку да забави и да си даде одмор.

Фото: Најпознатата српска екс снајка во секси бикини

Атрактивната пејачка која во јавноста е позната и како екс снајка на српскиот министер Ивица Дачиќ, отпатува на море за да ги наполни батериите пред напнатата летна сезона, а нејзините фотографии од плажа предизвикаа општа возбуда на мрежите.

Убавата Милица ги воодушеви фановите со фотки на кои блеска во секси бикини.

Долго време, Милица беше во емотивна врска со синот на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Милица започна врска со Лука во 2020 година, и иако на почетокот ги криеја своите емоции од јавноста, подоцна се појавуваа заедно на настани и се поддржуваа еден со друг.

Милица постојано нагласуваше дека Лука е голема поддршка за неа, додека редовно присуствуваше на нејзините настапи и важни настани во нејзината кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер